Дали е нормално да имате брак без секс?

Кога ќе стапите во брак луѓето започнуваат да се шегуваат на сметка на вашиот сексуален живот. Односно, на сметка на недостатокот од истиот.

dali e normalno da imate brak bez sek 01

Штом ќе ја симнете венчаницата, наскоро доаѓа времето на целибат, знаат да бидат остри со шегите. Можеби делумно е вистина.

Откако сте подолго време со партнерот, со брак сте, имате деца, сексот е поинаков, но тоа не значи дека не постои. Сите брачни двојки имаат секс, можеби помалку, можеби не толку спонтано, но сепак имаат.

Неодамна пејачката Пинк откри дека цела година немала секс со својот сопруг, па потоа имаше низа реакции дали тоа е нормално.

Според секс терапевтот Беки Спелман тоа им се случува на многу двојки.

„Има многу двојки што повеќе не практикуваат секс. Понекогаш се случува поради некој голем потрес во врската и дури и кога тој потрес ќе запре, сексот може да не се врати во нормала. Стресот може да биде на пример раѓање бебе, особено кога е тешко породување во прашање, неверство или пак проблеми на работното место.“

dali e normalno da imate brak bez seks 02

Многу работи може да направат сексуалниот живот во бракот да страда и тоа е нормално. Дури 15 проценти од испитаните брачни двојки во едно истражување откриле дека немале секс со нивните партнери во последните шест месеци до година дена.

„Но, колку и да е нормално, не е во ред ако сексот го нема на мапата во вашиот брак“, вели професорот по социологија Денис А. Донели.

Дури и да немате секс обидете се со партнерот да лежите голи еден до друг и да се милувате, интимноста не смее да исчезне сосема од вашиот однос. Експериментирајте со заедничко мастурбирање, масирање и бакнување. Физичкиот контакт додека гледате телевизија или шетате по улица е неопходен. Плус, запомнете дека ако немате секс периодов, тоа не значи дека никогаш нема да имате.

„Браковите и врските се менуваат со текот на времето и еволуираат од страст на почетокот до партнерство во кое двајцата се комфорни доволно за да немаат сексуална активност. Во бракот се минува низ различни фази, а една од тие фази може да биде немањето секс“, додава Донели.

Ако немате секс периодов, тоа не значи дека треба да ја запалите целата долна облека за специјални пригоди и да се збогувате со оргазмите засекогаш. Помирете се дека е само период и со мали чекори обидете се да го вратите во вашиот брак. Не се вознемирувајте, на сите им се случува, навистина нема потреба за грижа.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...

Најчитани неделава