„Мојот љубовник вели дека уште не може да ја остави жена му и детето за мене, дали е искрен?“

mojot-ljubovnik-veli-deka-ushte-ne-mozhe-da-ja-ostavi-zhena-mu-i-deteto-za-mene-dali-e-iskren-02.jpg

Сум видела многу луѓе како трошат време чекајќи мажен/женет „партнер“ да се реши на развод.

Дури и да беше слободен, три месеци е навистина кратко време за да се донесе одлука за животен партнер. Сè уште не го познаваш вистински, сè уште сте во тој првичен, хормонален занес.

Особено ако е афера, бидејќи имате малку време кое го минувате заедно.

Но, има уште една работа за размислување, покрај неискреноста кон неговата сопруга и, најверојатно, и кон тебе...

Сакаш ли да бидеш со некој чие решение на проблеми е да започне афера, наместо да се соочи со нив?

Луѓето имаат афери од разни причини и не значи секогаш дека сакаат да ја напуштат својата главна врска.

Сум видела многу луѓе како трошат време чекајќи мажен „партнер“ да се реши, додека нивните сопствени желби се ставаат на пауза.

Што сакаш ти? Дали недостапен, неискрен маж беше дел од твојата листа на желби?

Жал ми е ако звучам грубо, но тоа е затоа што мислам дека заслужуваш некој кој е достапен, вистински достапен за тебе“.

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Психотерапевтот Стојан Мишиќ вели: „Само покрај жената, љубовницата има смисла - кога ќе ја снема же... „Од љубовницата мажот добива признание дека е алфа, но оној момент кога ќе прест...
Жени кои биле во врска со богати мажи споделуваат искуства: „Сите мислат дека сум со него поради пар... „Мојот претходен дечко потекнуваше од богато семејство и беше многу мрзелив, себ...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg