4 едноставни тајни на врвниот секс

4-ednostavni-tajni-na-vrvniot-seks-povekjeБило да ве мачат секојдневни грижи или едноставно барате нешто повеќе кога станува збор за вашиот сексуален живот, еве што можете да преземете...


...за да имате подобар секс и тоа без бизарни акробации во креветот или пак помагала на батерии.

Размислете што ви пречи и тргнете понатаму

4-ednostavni-tajni-na-vrvniot-seks

Се наоѓате во сред акција, кога одеднаш ви текнува дека сте заборавиле да испратите многу важен и-мејл? Вашиот оргазам? Нема шанси сега да го доживеете. Американските истражувачи дошле до сознанија дека луѓтео често имаат нееротски размислувања за време на сексот. Како тоа да го решите? Кога ќе ви се појави таква мисла за време на сексот, најдобар начин тоа да го решите е да не го потиснувате, туку ставете го во фиоката „не сега“ и решете го проблемот веднаш по сексот.

Не ги менувајте позите

Постојат време и место за акробатски секс, но за навистина да уживате, ако нешто ви одговара, тогаш тоа и применувајте го. Наместо постојано менување на позите, што некогаш може да го расипе сексуалниот залет, држете се до умерен и динамичен ритам. Не е познато зошто, но континуираните движења помагаат при игнорирањето на надворешните пречки и овозможуваат да се фокусирате на уживањето. Така ќе се истренираат мозокот и телото да се спојат во пријатен и занесен транс.

Престанете да се грижите како изгледа вашето тело

Се прашувате дали партнерот ќе забележи дека ви е потребна депијација на бикини зоната, или телото го поставувате во неозможна положба само за стомакот да ви изгледа порамен? Сето тоа има несекси ефект. Ако се обидувате да ги сокриете своите мани, само ќе се исфрустрирате и така ќе почнете да размислувате и за други работи. Ако немте самодоверба во сопствената кожа, тогаш оставете ја на себе секси долната облека и водете љубов со пригушена светлина, на свеќи. Или уште подобро, затворете ги очите, престанете да се грижите за неважни работи и концентрирајте се на водењето љубов. Едно истражување покажало дека мажот повеќе ќе се концентрира на лицето на партнерката отколку на градите и гениталиите.

Ангажирајте ги сите сетила

Кога јадете вкусна храна, го чувствувате опојниот парфем или уживајте во топла пенлива купка, користете неколку ако не и сите ваши сетила за да уживате. Зошто би ги занемарувале сетилата за време на сексот, баш тоагаш кога ви се најпотребни? Со вклучувањето на сите сетила си помагате уште повеќе да уживате во она што се случува, а така сексот станува интимно доживување. Затоа пробајте се, почувствувајте го неговиот мирис, кожата, страсно бакнете го партнерот. Бидете свесни кога кожата ви се допира со целото тело....

Би можело да ве интересира:

„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...
Ниту еден брак не е совршен, без разлика колку убаво изгледаат фотографиите Ниту еден брак не е совршен, без разлика колку убаво изгледаат фотографиите, кол...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...
14 јасни знаци дека не сте среќни со партнерот (но не сакате да си признаете) Сѐ што прави партнерот ве нервира. Работи што порано ви биле симпатични, сега ви...
„Мојата партнерка заработува повеќе од мене, сака скапи вечери – исфрустриран сум“ „Двајцата работиме во банка, но таа заработува многу повеќе.  А има само 32...
„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg