Шокови кои ве чекаат во првата година од бракот

sokovi-koi-ve-cekaat-vo-prvata-godina-od-brakot-povekjeМислите дека вашиот брак ќе биде вистинска идила? Стручњаците откриваат дека и најскладните парови во првата година од бракот ги очекуваат...


...изненадувања и шокови.

Прочитајте кои се најчестите шокови кои младите сопружници може да ги доживет.

sokovi-koi-ve-cekaat-vo-prvata-godina-od-brakot

Љубовни килограми
Иако повеќето девојки пред венчавката се на диета за да изгледаат што подобро, многу е веројатно дека по медениот месец ќе се опуштат. Освен што ќе ги вратат изгубените килограми, ќе добијат и нови.

Што да се преземе: Нормално е младенците да качат некое кило по венчавката. Дајте си зелено светло и уживајте во својот нов живот и храната која што доаѓа со енго. Сепак, немојте да претерувате.


Ќе имате помалку свои пријатели

Додека сте биле „соло“, сте имале голем број пријатели, но некои ќе ги снема од сцената откако ќе запловите во брачните води.

Што да се преземе: Немојте да се грижите, вашите најблиски пријатели ќе бидат покрај вас, особено ако малку се потрудите околу тоа.


Сексуалниот живот нема секогаш да биде активен

По медениот месец и враќањето во секојдневието, ќе ви се случува повеќе да саакте да гледате телевизија отколку било што друго да работите, вклучувајќи го и водењето љубов. И така ќе помине и цела недела без да водите љубов, а тоа да не сте го забележале.

Што да се преземе: Ништо. Студиите покажуваат дека оние што се во брак имаат повеќе секс и дека им е подобар отколку на оние што се „соло“.


Таа мие садови, а тој поправа низ дома

По венчавката многу парови влегуваат во клишеа, па така често пати жените ја преземаат грижата околу садовите и алиштата, а мажите околу домашните поправки.

Што да се преземе: Ако сакате да ја поделите грижата околу домашните обврски, направете план за кој мислите дека ќе биде најдобар за двајцата. Студиите покажуваат дека сите се среќни кога улогите се јасно дефинирани и правилно распоредени.


Имате две плати, а често пати сте без пари

Иако на паровите кои пред брак не живееле заедно им се чини дека ќе имаат помалку парични проблеми кога ќе започнат живот во двојка, тоа е сепак илузија. Потребите тогаш се зголемуваат, па така повеќе не е доволен само кауч, туку треба и двосед.

Што да се преземе: Немојте да се грижите, инвестицијата со време ќе се исплати.


Слободно време и за пријатели

Иако вашиот сопруг/сопруга ви е најдобар пријател, тој/таа нема да бидат и вашите единствени пријатели.

Што да се преземе: Излезете со вашите пријатели. Дајте си слободен ден или ноќ и вашиот брак ќе биде подобар.

Би можело да ве интересира:

Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
„Тим билдинг е еднакво на разврат - оженети мажи и омажени жени со афери по хотели“ „Тим билдинг е еднакво на разврат. Женети мажи и мажени жени се развлекуваат по ...
15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...
Зошто не е воопшто лошо да се биде сингл? Вкусот на неограничената слобода. Не треба да се консултираш, преговараш или убе...
„Мaж ми се опседна со спорт - ме запоставува и мене и децата, тоа ни го уништува бракот“ „Нервозна сум... Таткото на моите деца секогаш го избира вежбањето наместо нив. ...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg