Знаци дека вашето момче никогаш нема да порасне

znaci-deka-vaseto-momce-nikogas-nema-da-porasne-povekjeПред да стане премногу сериозно помеѓу вас и се да сè заврши со потпис поради кој ќе зажалите проучете го партнерот малку подетално... Постои одредено...


...време на прилагодување на двајцата партнери, особено ако се на почеток од врската.

Но, постојат луѓе кои не сакаат да прифатат нови работи и да ги менуваат навиките бидејќи ним им е сосема во ред нивното однесување иако е далеку од тоа.

Воочете ги знаците на незрелост пред да биде доцна.

1. Неограничено троши. Да се биде возрасен значи да се жртвуваат некои работи како на пример да не се потроши целата плата на најновиот плеј-стејшн или на уплата за Шпанија што ќе се отплатува во текот на целата година. Ако мажот нема чувство за финансии, веројатно никогаш нема ни да ги има.

2. Не помага. Кога имате гости, никогаш не станува од столот за да ви помогне да ги однесете садовите во кујната. Веројатно ги повикал пријателите само за да им покаже дека е во среќна врска. Тој не знае да се грижи за другите, очекува само тие да се грижат за него.

znaci-deka-vaseto-momce-nikogas-nema-da-porasne

3. Никогаш не се грижи за вас. Имате грип или сте го шинале зглобот, а тој само ви вели: „Ма не е тоа ништо страшно“. Не ви се јавува за да ве праша дали нешто ви треба или пак да ви прави друштво? За него нема проблем, па зошто би се грижел...

4. Не се меша. Ако некој е безобразен со вас, ве остава вие самите да се погрижите за тоа и да се одбраните. Веројатно не сака да се нервира поради ситници и да си го расипува доброто расположение...

5. Не планира. Секогаш вие правите планови затоа што нему не му е ниту на крај памет тоа да го направи и го потсетувате на обврските. Тој од една страна ви е благодарен за совршената организација, но знајте дека никогаш нема да преземе иницијатива и да се сети дека треба да си ја земе облеката од хемиско чистење на пример.

6. Брза со сексот. Ако брза со предиграта па потоа и со сексот, па на крај сака што побргу да заспие тоа значи дека не ги надминал анималните инстинкти за задоволување на своите потреби. Тој едноставно не ве доживува како суштество со потреби.

7. Постојано е исклучен. Ако се наоѓате на најдосадната вечера со вашите родители, многу е незрело да се седи, да се гледа во празно и да се чека јадењето. Секој возрасен човек има некои одговорности во социјалните случувања, а неговата неволност може само да ви предизвика непријатности.

Би можело да ве интересира:

7 работи за кои размислува мажот за време на првиот секс со вас Веќе некое време се гледате со некој маж и стигнувате до фаза кога треба да имат...
7 работи кои добрите мажи им ги кажуваат на своите сопруги Oмажи се за маж кој ги кажува овие работи: „Јас сум многу горд на тебе, знаев де...
3 работи што вашиот партнер тајно посакува да ги правите во кревет (18+) Тајната на добриот секс не е само во техниката и истрајноста на партнерите. Поне...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
„Кучешка“ поза со лисици за авантуристите што сакаат жежок секс (18+) Сакате да го „зачините“ сексуалниот живот? Секогаш можете да пробате нешто ново ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg