5 тајни во сексот кои секоја жена треба да ги знае

5-tajni-vo-seksot-koi-sekoja-zena-treba-da-gi-znae-povekjeЗа некои работи едноставно не се зборува во креветот, но тие често пати знаат да се наметнат помеѓу вас и партнерот. Еве пет машки „тајни“ кои секоја...


...жена треба да ги знае.

Тој се бори со стравот да не ве разочара

5-tajni-vo-seksot-koi-sekoja-zena-treba-da-gi-znae

Жените одамна не се чуваат за брак, а примери како Мадона и „Сексот и градот“ ги охрабруваат да бидат отворени во своите сексуални барања. Паралелно, тоа кај мажите може да предизвика несигурност, страв дека нема да може да ги задоволат жените. Дури и ако вие не се грижите многу околу тоа и сте подготвени да заборавите на лошиот секс, нему тоа ќе му падне уште потешко.

Предупредување: Доколку неговиот проблем во креветот стане почест, може да се случи да почне да ве обвинува за да си го заштити егото.

Што треба да се направи? Немојте тоа да го сфаќате лично и немојте да го навредувате. Најдобро е да се правите дека тоа вам не ви е важно.


Сака комплименти

За мажите, сексуално задоволена жена е доказ за нивната машкост. Ако сте уживале, кажете му го тоа. Тој сака комплименти.

Предупредување: Може да се случи да дојде до ситуација: нема комплименти – нема секс, или пак да го опсипувате со пофалби, дури и ако не уживате.

Што да се направи? Едноставно – не фолирајте. Доколку ви е убаво, покажете му го тоа и тој ќе се чувствува супер.


Мажите не сакат да чекаат предолго

Некои жени имаат обичај да се држат до своите правила на забавување по кои до секс треба да дојде после одреден број на состаноци. За него е важно уште на почетокот да знае дали го сметате сексуално привлечен.

Предупредување: Ако се навреди поради тоа што не иницирате секс - откачете го.

Што да се направи? Сите ние сме сензуални суштества, можеме да правиме онака како што чувствуваме, па затоа немојте да се плашите да го направите првиот чекор.


Тој исто така се грижи за изгледот на своето тело

Да се соочиме со тоа: мажите можеби не се грижат за тежината колку и жените, но и тие имаат свои проблеми околу изгледот.

Предупредување: Повеќето мажи се грижат генерално околу својот физички изглед, висината или ќелавоста. Со други зборови, често се надеваат на исклучено светло во спалната соба.

Што да се направи? Помогнете му на својот партнер така што ќе му кажете зошто ве привлекува и докажете му го тоа.


Повеќето мажи нема да простат изневерување

Мажите кои се изневерени потешко ќе поминат преку тоа отколку жените кои ќе се најдат во иста ситуација.

Предупредување: Мажите сакаат верност и посветеност на сите нивоа.

Што да се направи? Покажете му дека сте со него не само кога сте сами, туку и пред пријателите, колегите....

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg