Лоши работи кои може да ви се случат за време на сексот

Понекогаш за време на секс работите не се онакви какви што ги посакуваме, а непријатните моменти доаѓаат кога најмалку ги очекуваме.

Лошо изговорени реченици, лош здив и „ветрови“ се само дел од списокот на непријатни ситуации кои може да ви се случат во кревет.

Такви ситуации не се реткост и секому му се случуваат, но што да се направи и како да се однесувате во тие моменти?

losi-raboti-koi-moze-da-vi-se-slucat-za-vreme-na-seksot

Сте кажале нешто што не треба
За да избегнете да кажете нешто поради кое ќе зажалите во истиот момент, ви советуваме да се опуштите, бидејќи ако мислите на било што друго освен на партнерот, тоа ќе се забележи.

Сте заспале
Работата на напорно работно место или обидот да се балансира помеѓу кариерата и приватниот живот понекогаш може да биде исцрпувачки. Ако навистина сте преморени, кажете го тоа. Тоа е многу подобро отколку во клучниот момент да заспиете.

Циклус во погрешен момент
Циклусот сам по себе не е забавен, но кога ќе се појави во клучниот момент и потполно неочекувано, може прилично да ги воспали страстите. Во тој случај длабоко воздивнете, отидете до тоалетот и присетете се дека и такви работи се случуваат. А ако тој тоа не го разбира, тогаш и подобро што играта не сте ја играле до крај.

Ви избегало „гулапче“
Телесните реакции понекогаш не можеме потполно да ги контролираме, но она на што можеме да поработиме е превенцијата. Водете сметка што и колку јадете пред да одите на состанок и избегнувајте мрсна и многу зачинета храна најмалку шест часа пред состанокот.

Ве обзеле емоции
Сексот и впуштањето во интимност е емоционално искуство, а емоциите често може да не совладаат кога за тоа не сме подготвени. Доколку ви насолзат очите и гласот почне да ви трепери, партнерот сигурно ќе сака да знае што ви е, но вие најверојатно нема да знаете што да му одговорите. Немојте да чувствувате притисок со тоа што ќе барате одговор кој нему ќе му се допадне, туку слободно застанете да се смирите и продолжете онаму каде што сте застанале.

Непријатен здив
Некои мириси тешко може да се отстранат, но внимавајте што јадете пред и за време на состанокот и добро размислете дали за прилог ќе нарачате лук. Здивот може да се прикрие со гума за џвакање и со вода за плакнење уста, но превенцијата е сепак подобра.

Телефонот ѕвони без прекин
Само ако се работи за некој итен повик, сè друго може да почека. Погрижете се сите повици да ги завршите пред да останете сами, бидејќи во тој момент единствено на што треба да се фокусирате е партнерот.

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Понекогаш партнерот не успева да доживее оргазам - дали проблемот е во мене?“ „Гледајќи во лицето на мојот партнер забележав капка пот како се тркала по негов...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg