Наш психолог открива интимни исповеди на мажи од Македонија: „Ниедна жена не ме разбирала освен елитна проститутка“

Но, на сите овие самоизмачувачки прашања, мисли и коментари најглавните барања се:
Дојдов да видам што ќе ми кажеш од женска перспектива?
Дали ти како жена сметаш дека....?
Дали ти како жена мислиш дека мојата жена мисли вака...?
Дали ти како жена еве би го направила тоа што мојата жена го направила?
Дали ти како жена го оправдуваш однесувањето на мојата жена?
Ти како жена, колку партнери сметаш дека е нормално да има една жена?
Нормално, тука настапува најразочарувачкиот одговор од моја страна, а тоа е дека јас не настапувам од позиција на жена во текот на психотерапијата, туку настапувам од позиција на професионалец и терапевт кој е тука да им помогне да ја донесат најдобрата одлука за себе, својата врска со партнерката и сексуален живот.
Ама тоа нејсе. Муабетот ми е дека еве каде во текстот прочитавте некој да се препотува или да има внатрешен конфликт во врска со таа добрата, достапната, чесната, прибраната, закопчаната до горе, мила домаќинка и мајка?
Емоционалната хаварија вообичаено доаѓа од таа другата, што би рекол Жељко Самарџиќ: ,,Дајте неку лошу, којој ради машта"...

Главниот конфликт кај мажите е обично меѓу мисловната идеја или верување за тоа дека тој ја сака „добро воспитаната“, ама вистината со идејата најчесто немаат врска една со друга.
Вистината е тоа што се чувствува внатре.
Се разбира, како што реков, во текстов „ку**ата“ има преносно значење. Воопшто не се работи за „ку**а“, ниту за идејата дека ја нормализираме промискуитетноста.
Се работи за внатрешното чувство на слобода, независност и самодоверба кај жената кое само е манифестирано низ сексуалниот живот и за чувството на удобност во својата кожа.
Леснотија на живеењето“.
С. С. | Црнобело