Тестирајте ја љубовта на летување

testirajte-ja-ljubovta-na-letuvanje

Патувањето во двојка е одлична можност да дознаете дали помеѓу вас постои искрена блискост и посветеност.

Кога подобро ќе го запознаете партнерот, ќе знаете дали вашата врска има иднина.

Сте ги „преживеале“ првиот состанок, првиот бакнеж и неколку заеднички ноќевања, а сега дојде време да ги спакувате патните торби и да тргнете на првото летување.

Без разлика дали ќе отидете некаде за викенд или ќе отпатувате на три недели, знајте дека одморот е вистински тест за вашата љубов.

За да бидете сигурни дека сè ќе помине во најдобар ред, ви даваме 8 совети кои ќе ви помогнат да уживате и добро да си поминете.

Немојте да летувате во некое место само за да му угодите на партнерот. Доколку го направите тоа, одморот ќе ви преседне. За да не се случи тоа, на време договорете се за сè. .

Добро размислете каков одмор сакате. Ако вашите желби не се поклопуваат со желбите на партнерот, обидете се да направите компромис.

Не заборавајте дека на одмор одите за да се одморите и да уживате, а не за да се нервирате и очајувате.

Договорете се околу плаќањето

Пред да го уплатите аранжманот, договорете се како ќе го платите заедничкото патување. Дали ќе го платите вие, вашиот партнер или ќе ги поделите трошоците. Ова се само некои од прашањата на кои ќе мора заеднички да одговорите. Доколку вашите приходи се помали од оние на партнерот или обратно, ситуацијата ќе ја решите така што никој нема да се чувствува инфериорно или дека му е на товар на другиот.

Не планирајте сè до детал

За навистина да можете да уживате, патот не треба да го испланирате до најмал детал. Не заборавајте на спонтаноста, непредвидливоста и уживањето во секој момент. Добро е да се знае што се случува, но тоа не значи дека морате баш се да видите и да посетите.

Одлучете колку долго ќе останете на одмор

Добро размислете за тоа колку ви одговара да останете на одмор. Ако имате повеќе слободни денови од партнерот, тогаш ќе мора да му се прилагодите. Па што ако на одмор останете неколку дена помалку одошто сте планирале? Понекогаш пократките патувања се многу поинтересни.

Заедно одберете го превозното средство

За некои луѓе патот е многу стресно искуство. Би било добро да се договорите за тоа со кое превозно средство ќе патувате. Ако вашиот партнер се плаши од авион, тогаш од таа можност веднаш откажете се. Ако сакате пејзажи, тогаш би било идеално да се одлучите за автобус, а ако некој од вас има автомобил, тогаш определете се за патување со автомобил.

Пакувајте ги работите во посебни куфери

Немојте да ги пакувате работите во заеднички куфер, бидејќи сосема е извесно дека околу тоа ќе се скарате. Тој нема да може да разбере зошто носите толку гардероба, а вие тоа нема да можете да му го објасните. Затоа е најдобро секој да има свој багаж. Во секој случај, најдобро би било да поразговарате околу тоа за заеднички да дојдете до најдоброто решение.

Уживајте во активен одмор

Доколку вашата цел на патување не е само излежување на плажа, тогаш потрудете се да го запознаете местото во кое што одите. Најдете што си може да разгледате и распрашајте се за културните збиднувања кои би сакале да ги посетите. Погледајте ги форумите на интернет и мислењето на луѓето кои веќе биле на тоа место. Погрижете се да не ви биде здодевно.

Издвојте време само за себе

Доколку се раздвоите само на миг, нема причина за паника. Иако на одмор одите заедно, тоа не значи дека морате да бидете нераздвојни. Ако имате некој свој утрински ритуал во кој навистина уживате, не морате од него да се откажете во деновите кои ви с еза релаксација.

Немојте да се плашите од непредвидени ситуации

Дури и кога имате најдобар можен план, секогаш може да се случи нешто непредвидено. Останете мирни и немојте да се грижите за случувањата на кои што не можете да влијаете. Впрочем, стресните ситуации се вистинска можност да видите дали сте совршени еден за друг. Реакциите на партнерот во вакви ситуации најдобро ќе ви покажат дали врската може да потрае или не.

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg