Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Тајните на флертот: 5 типови на кокети

tajnite-na-flertot-5-tipovi-na-koketi

Начинот на кој жените кокетираат уште во првите пет минути ја разоткрива нивната личност, тврдат американските научници. Нивното истражување покажало дека постојат пет различни стилови на женско кокетирање, а секој од нив ќе резултира со поинаков вид на љубовна врска.

Телесна

Најлесно е да се препознае таканаречената телесна кокета, чиј говор на телото – допирање на раката од соговорникот или играњето со косата, упатуваат на силна привлечност. Меѓутоа, иако заинтересираноста ја покажуваат послободно, тоа се идеални девојки за долга врска, објаснуваат психолозите.

Традиционална

Традиционалните дами, кои што веруваат дека „играта“ мора да ја води мажот, вешто ќе ја сокриваат заинтересираноста, а избрзаниот телесен контакт би можел да ги одбие. Упорност на партнерот ќе ја наградат со сигурна и мирна врска.

Пристојна

Иако ќе се смеат на шегите и живо ќе разговараат, таканаречените пристојни кокети на почетокот може малку да бидат резервирани и телесно „студени“, но ако се потрудат мажите околу неа, ќе добијат приврзана партнерка.

Искрена

Искрените кокети не играат игри. Ќе ги интересира животот на мажот, работата и интересите, ќе поставуваат прашања и внимателно ќе слушаат. Емоционалната искреност ќе  ја внесат во врската.

Заиграна

Заиграните кокети уживаат во отворено кокетирање со кое ја јакнат самодовербата, но нивните искрени желби и намери не се јасни, па затоа е потребно зголемено внимание.

Би можело да ве интересира:

6 знаци дека сте во здрава врска исполнета со љубов Не сте љубоморни ако партнерот отиде на патување без вас и покажувате разбирање ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
Предупредувачки знаци дека се соочувате со криза во бракот, низ илустрации Останувате заедно само поради децата и тешко ви е да се присетите на убавите мом...
„Партнерот ме уценува да живееме заедно, но јас не сакам да бидам маќеа на неговите деца“ Дали жената треба да живее со партнерот иако не е подготвена да се грижи за него...
10 работи кои ќе ја направат вашата врска посилна (според терапевтите) Чистењето на домот не треба да е обврска само на едниот партнер, туку на двајцат...
6 причини зошто жените наоѓаат љубовници, според терапевт Најчесто кога се зборува за неверствата се верува дека мажите наоѓаат љубовници ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg