7 причини за секс со бившиот партнер

7-pricini-za-seks-so-bivsiot-partner

Да се преболи раскинувањето не е едноставно, особено кога сексот во врската бил добар.

Иако сте потполно свесни за причините поради кои сте одлучиле да ја прекинете врската, идејата за секс со бившиот е привлечна како за мажите, така и за жените.

Многу мажи фантазираат за секс со бившиот партнер, а искушението е уште поголемо ако сте двајцата сами.

Сигурност

Раскинувањето на врската често пати остава емоционални лузни поради кои се плашиме да се отвориме кон некоја нова личност. Во добро познатата прегратка на бившиот партнер се чувствуваме сигурно, а често баш тоа чувство на близина недостасува многу повеќе од сексот.

Познат терен

Ако поминало доволно време по раскинувањето, а двајцата сте сами, се прашувате зошто да не се искористи нешто што знаете дека е добро. Се познавате, нема потреба за импресионирање и размислување што сака другата страна и нема страв од непријатни изненадувања во креветот.

Недостаток на самодоверба

Можеби сте изгубиле самодоверба, а повторните средби со некој кому сте му привлечни ви дава инјекција на самодоверба. Ова не мора да биде лошо ако сте сами, но ако веќе се гледате со некого, немојте да дозволите сексот со личност која не е за нормална врска да ви ја расипе новата врска.

Завршување на врската

Иако сме свесни за сите причини зошто не сакаме да бидеме со таа личност, тешко ни е да заборавиме. Понекогаш сметаме дека уште еден секс со бившиот би ни помогнал конечно да го преболиме.

Нема одговорности

Сега кога повеќе не сте во врска, имате можност за секс, а за возврат ништо да не мора да дадете. Не мора да се јавувате следниот ден ниту да одите на состаноци. Да се има пријател со повластици е едно, но секс со бившиот може да ви даде чувство дека и понатаму сте во врска, но не со личноста со која што сакате да бидете.

Осаменост

Сексот е интимно доживување кое буди многу силни емоции, особено кон некого кого сте сакале. Можеби бившиот ви недостасува, а можеби повеќе не чувствувате ништо кон него, но сексот уште повеќе ќе ве зближи, а на крајот се ќе се заврши како и првиот пат.

Обид за смирување

Ако едната страна сеуште е заљубена во бившиот и сеуште има силни чувства, понекогаш смета дека на тој начин ќе го врати бившиот. Пред да се впуштите во оваа авантура, добро размислете што всушност сакате и очекувате, но и каква порака праќате. Најважно е да бидете искрени кон себе.

Би можело да ве интересира:

Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg