Што ни откриваат секси соништата?

sto-ni-otkrivaat-seksi-sonistata-1

Што значи кога сонувате секс со шефот или со личност од ист пол? Психолозите откриваат дека секој секси сон всушност открива нешто за нас. Ова се последните откритија за секси соништата:

1. Секс со шефот/ шефицата. Нема сомнеж дека сон за секс со шефот остава силен впечаток – позитивен или негативен. Но, без грижи. Сексот со надредена личност значи дека станувате свесни за сопствената моќ и способности и дека можете и знаете да одберете она што сакате во животот.

sto-ni-otkrivaat-seksi-sonistata-2

2. Секс со бившите. Бившите љубовници во соновите симболизираат одредени квалитети и недостатоци кои сте ги поврзувале со нив. Ако вашиот бивши бил лажго, тогаш вие низ сонот сами себе си порачувате да не се потпирате на погрешни луѓе во кои не можете да имате доверба. На кратко, потсвеста ви порачува дека старите начини на размислување треба да ги оставите во минатото.

3. Секс со пријател/ка или колега/колешка. Ако сонувате вакво нешто, не значи дека ги посакувате сексуално и во реалноста. Обично секс со пријател/ка открива дека се восхитувате на нивните таленти и дека би сакале да ги поседувате. Добро би било да размислите кои се овие таленти и да почнете да ги развивате кај себе.

sto-ni-otkrivaat-seksi-sonistata-3

4. Секс со личност од ист пол. Ова не значи дека длабоко во себе имате хомосексуални склоности. Овие соништа напротив зборуваат дека се чувствувате добро во својата кожа и сте сигурни во поглед на тоа кои сте и какви сте. Овие сништа значат и зголемување на вашата толерантност во поглед на луѓето кои се различни од вас.

5. Секс со славна личност. Овие соништа откриваат дека имате некој скриен тален кои сами почнувате да го откривате. И не само тоа, сакате тој талент луѓето да го воочат и да му се воодушевуваат.

sto-ni-otkrivaat-seksi-sonistata-4

6. Секс со странец. Добро разгледајте ги своите сопствени карактеристики кои најчесто ги пропуштате. Овие соништа обично откриваат нешто за вас кои и самите се уште го немате истражено. Можби сте срамежливи, а не сте забележале. Посветете се малку на оваа емоција и обидете се да откриете што се крие позади неа.

Би можело да ве интересира:

Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
„Ја сретнав девојката од моите соништа, но издржувам само 30 секунди водење љубов со неа - што да на... Темата за предвремена ејакулација не е многу дискутирана меѓу мажите и нивните д...
Порака до моите бивши: „Ви благодарам што ме скршивте до точка од која сфатив - заслужувам подобро“ „Преживеав непочитување, ги игнорирав црвените знаци и се убедував себеси дека љ...
„Со партнерот 30 дена водевме љубов двапати дневно - Што се случи со нашиот однос?“ „Започнавме со играта „странци во бар“. Се преправавме дека не се познаваме, а з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg