Очите ја откриваат сексуалната ориентација

ocite-ja-otkrivaat-seksualnata-orientacija

Било да сте стрејт, геј или нешто помеѓу, вистината за тоа кој ве привлекува се крие во вашите очи.

Дилатацијата на зениците е показател на сексуалнта аориентација, открива нова студија. Кога луѓето гледаат еротски слики и се возбудуваат, нивните зеници се шират поради несвесната реакција која може да се користи за проучување на сексуалноста и возбудата без да се користат инвазивни генитални мерења.

Значи, ако мажот е стрејт неговите зеници ќе се шират на жени, а ако е геј на мажи. Научниците набљудувале 165 мажи и 160 жени, вклучувајќи геј, стрејт и бисексуални учесници. Доброволците гледале одвоени едноминутни видеа на маж како мастурбира, жена како мастурбира и неутрални сцени од пејсажи. 

Камерата која го следи погледот ги снимала зениците и ги мерела малите промени во величината на зеницата.

Резултатите се поклопиле со возбудувањето мерено преку гениталиите. Што се однесува до мажите се е јасно: стрејт мажите реагираат на сексуални слики од жени, а геј на сексуални слики од мажи. Бисексуалните мажи и на мажи и на жени.

Кај жените работите се посложени. Кај стрејт жените измерено е исто проширување на зениците на еротски слики од обата пола и покрај тоа што навеле дека ги возбудуваат мажи, а не жени. Истражувачите не се сигурни зошто се случува ова.

Би можело да ве интересира:

„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Тим билдинг е еднакво на разврат - оженети мажи и омажени жени со афери по хотели“ „Тим билдинг е еднакво на разврат. Женети мажи и мажени жени се развлекуваат по ...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg