5 правила поради кои ќе сакате повеќе секс

5-pravila-poradi-koi-ke-sakate-povekje-seks

Клучот за феноменален секс и подобра емоционална поврзаност со партнерот можеби се крие во брзината на самиот чин.

Така наречениот Slow Sex се чини дека не се вклопува во денешниот начин на живот кога настојуваме се да направиме на брзина. Но, да се оди бавно, значи и подолго да се ужива...
 
Поминете барем половина час во галење и бакнување.

На жените во просек им е потребно помеѓу 10 и 20 минути да дојдат до задоволство. Но, тоа после некое време во врската може да се покаже како голем проблем. Кога хормоните не „пукаат“, а страста не е толку силна како на почетокот од врската, во креветот може да останат незадоволни.

Љубовниот тренер Johanna Lyman смета сека нешто поспориот пристап кон сексот го намалува притисокот кон партнерот и го зголемува уживањето, а всушност има потенцијал да го смени начинот на кој живееме и нашиот живот надвор од спалната соба.

Со помош на овие совети се добива можност подобро да се запознаеме со тоа како нашето тело реагира на сензуалните стимуланси и ќе ја зголеми нашата емоционална врска со партнерот.
 
1. Поглед во очи
Започнете со пет минути гледање еден во друг во очи. Седнете удобно, свртете се еден кон друг и погледнете го вашиот партнер без доминантен предзнак. Можете да трепкате, но обидете се да се насмеете. Можеби ќе ви биде необично, но обидете се да издржите до крај.

2. Дишете заедно
Кога ќе се почувствувате пријатно гледајќи го партнерот во очи, поминете на дишењето. Обидете се да дишете природно, на нос. Ставете ја раката на градите од партнерот и обидете се заеднички да ги усогласите вдишувањата и издишувањата.

3. Време е за гушкање
Поминете барем половина час во галење и бакнување со вашиот партнер, но додека сте облечени. Не поминувајте на втората фаза бидејќи овој дел може добро да ги разбранува страстите.

4. Масажа
Наизменично масирајте си ги грбовите со мирисни масла за масажа. Користете долги, бавни движења со умерен притисок кој што не оди под струкот. По неколку минути можете да го масирате грбот на партнерот со своите гради.

5. Медитација
Последно, но не и најмалку важно. Медитацијата е пракса која би требало да ги отстрани сите мисли и би требало да се насочите кон она што во моментот го правите. Затворете ги очите и препуштете се на допирите и чувствата, а се друго нека стане неважно.

Би можело да ве интересира:

Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...
Наш психолог за разводите во Македонија: „Мажите копнеат по ‘изумрен тип’ на жени, жените први бара... „ПАТРИЈАРХАЛНАТА жена која живее во функција на потребите на мажот е речиси мртв...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg