10 особини на идеалната жена

10-osobini-na-idealnata-zena

Секој маж е поинаков и кај жените бара различни работи, но еве десет клучни особини кои сите ги сакаат.

1. Самодоверба
Привлечноста на жената која е сигурна во својот изглед и способност лежи во фактот дека е многу полесно да се справите со нив, отколку со оние на кои им е потребна постојана потврда од другите.

2. Добар смисол за хумор
Никој не сака да биде со личност која е секогаш сериозна и е негативно расположена. Момците сакаат девојки кои знаат да се насмеат на нивните шеги и кои самите умеат да кажат нешто смешно.

3. Добро негувана
Никој не вели дека изгледот не е важен, впрочем тоа е она што ги привлекува мажите во самиот почеток. Најмногу ги пали добро негувана жена со здраво тело која внимава на себе.

4. Независност
Жената чие однесување сугерира дека во иднина ќе се потпре исклучиво на својот маж не е многу атрактивна. Мажите сакаат внимание и грижа, но во исто време им треба и нивен простор.

5. Разбирање
Иако спротивностите се привлекуваат, мажите сакаат жени кои ќе ги почитуваат нивните уверувања и ако е можно, да ги делат нивните интереси.

6. Искреност
Не треба особено да се истакнува дека мажите сакаат жени кои нема да лажат и кои ќе бидат верни. Тој мора да биде сигурен дека таа нема да флертува со неговите пријатели штом тој ќе ја напушти просторијата.

7. Зрелост
Детскиот говор може да биде интересен извесно време, но повеќето мажи ќе бараат жени кои се зрели и знаат смислено да разговараат. Кој сака да биде со личност која разговара само за облека и шминка? Исто, жените кои премногу пцујат, не се многу привлечни, особено не на мажи кои не сакаат вулгарности.

8. Лежерност
Девојката која може да ја одведат кај своите родители и со која што можат добро да се забавуваат на било кое место, онаа со која може да се релаксираат и која не се плаши дека ќе ја уништи својата шминка – тоа е девојката со која би отишле на крајот од светот.

9. Грижливост и внимание
Мажите добро се чувствуваат кога знаат дека нивната девојка им обрнува внимание, ги забележува малите работи и се грижи за нивните потреби. Но, истовремено, не поднесуваат кога ги уценува со својата грижа и внимание.

10. Поддршка
Тој сака некого кој ќе го послуша, а при тоа нема да го уценува или потценува, некој што ќе биде на негова страна, ќе му даде објективен совет и ќе направи да изгледа добро пред другите луѓе.

Момци, да додадете нешто?

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
Ноќта што промени сè: „Маж ми и јас се скаравме. Тргнав на породување, му ѕвонев 30 пати, не креваше... Беше тивка вечер, речиси обична. Ништо не навестуваше дека токму таа ноќ засеког...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg