Идеалниот број на сексуални партнери е....

Дали постои идеален број на бивши љубовници? Судејќи по најновото истражување – постои.

idealniot-broj-na-seksualni-partneri-e

Како што откриле резултатите на истражувањето, идеалниот број на бивши љубовници, пред да се појави оној вистинскиот, би требало да биде 10.

Истражувачите откриле дека мажите и жените биле одбиени од потенцијалните партнери  ако тие во тој момент имале повеќе од 10 партнери во животот и на нив гледале како на промискуитетни.

Од друга страна, оние кои имале помалку од овој број партнери, биле перципирани како неискусни.

Интернет сајтот SeekingArrangement.com анкетирал 1000 мажи и жени барајќи идеален број на љубовници кои нивниот партнер би требало да ги има зад себе.

Половина од анкетираните жени, како и 46 проценти од мажите одговориле дека десет партнери е совршен број, додека 36 проценти од жените и 42 проценти од мажите изјавиле дека повеќе би сакале да излегуваат со некој кој има помало сексуално искуство.

Дури 11 проценти од жените и 10 проценти од мажите сметале дека идеален партнер би им била личност која имала помеѓу 10 и 30 партнери, а само три проценти сакале да бидат со личност која „посетила“ повеќе од 30 кревети.

Меѓутоа повеќето не сакаат да знаат за минатото на своите нови партнери. Љубопитни се само 35 проценти од жените, додека 65 проценти би се задоволиле без било какви информации. Кај мажите процентот е уште поизразен – 70 проценти од нив за бившите  не би сакале да знаат ниту еден збор.

Овие резултати откриле интересни податоци за врските, како фактот дека мажите во многу помала мерка го толерираат промискуитетот.

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
9 (добри) навики на мажите кои без проблем освојуваат жени Вистинскиот маж знае да ѝ каже на жената: „Те разбирам, и јас би се чувствувал т...
Наш психолог за разводите во Македонија: „Мажите копнеат по ‘изумрен тип’ на жени, жените први бара... „ПАТРИЈАРХАЛНАТА жена која живее во функција на потребите на мажот е речиси мртв...
Жени кои биле во врска со богати мажи споделуваат искуства: „Сите мислат дека сум со него поради пар... „Мојот претходен дечко потекнуваше од богато семејство и беше многу мрзелив, себ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg