Колку се чека на прв секс, а колку на – те сакам?

Можеби верувате во љубов на прв поглед или сте меѓу оние кои што сметаат дека за љубов е потребно трпение и време. Како било, партнерите си изјавуваат љубов на 14–тото излегување.

kolku-se-ceka-na-prv-seks-a-kolku-na-te-sakam

Учесниците на анкетата откриле дека просечен број на излегувања на почетокот од врската е два пати неделно, што значи дека паровите најчесто еден на друг си изјавуваат љубов по седум недели врска.

Првите бакнежи обично се случуваат на второто излегување, додека повеќето парови првиот секс го имаат во просек на четвртото излегување, или во втората недела од врската.

Запознавањето со пријателите доаѓа по шест излегувања, додека запознавањето со родителите следи по 12 излегувања, односно шест недели. И ако се оди како што треба, заедничкиот живот во просек започнува по 30 недели или 60 излегувања.

Студијата ја изработил британскиот веб сајт seekingarrangement.com, кој анкетирал 100.000 свои членови за да дознае како се движат работите во врската.

Основачот на страницата Брендон Вејд за Дејли Мејл изјавил:

- Една од големите дилеми е кога за прв пат да се каже – те сакам. Она што им го советувам на членовите е - никогаш тоа да не го прават на првиот сосотанок. Тоа може да го уплаши партнерот.

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg