Дознајте кои жени ги избегнуваат мажите

Дали сте знаеле дека постојат одредени типови жени од кои мажите бегаат и дека американскиот психолог Мајкл Стивенсон направил листа од најтипичните?

doznajte-koi-zeni-gi-izbegnuvaat-mazite

Ако некоја девојка се препознае во некој од овие профили, нека не се чуди зошто животот не и личи на бајка.

Несигурно девојче

Таа е ноќна мора за секој маж. Плаче за секоја ситница, постојано нешто и треба, сака да се жали, никогаш не е задоволна....

На почетокот од врската глуми дека е независна и способна, но како што одминува времето вистината излегува на виделина. Мажите во таквиот тип девојки лесно се заљубуваат, а уште побргу се одљубуваат и тоа штом ќе почнат да се дават во реката солзи кои течат без причина.

Жени кои ги мразат мажите

Тие се самостојни, успешни, независни и апсолутно подготвени низ животот да одат без посилната половина. Таа тоа и не го крие, па баш затоа преставува предизвик за секој маж. Секој ќе се обиде да ја скроти, да ја измени и да ја натера да го засака. Поради нејзината сила и независност мажите не остануваат со таквите жени долго во врска, но сметаат дека ја добиле битката ако успеат да ја одведат во кревет.

Спонзоруши

За неколку секунди може да ја скенира имотната состојбана мажот кој ја интересира и да пресмета колку му вреди куќата, автомобилот и викендичката. Ја импресионираат само кредитните картички и секако полномошното да ги користи.

Таа не се вљубува во мажот, туку во неговиот животен стил и среќна е само додека од него го добива она што го сака.

Нејзиното животно мото е „додека сиромаштијата не нè раздвои“.

Студена кралица

Тоа е жена која флертува со сите. Обично изгледа како топ манекенка, но е постудена од Сибир. Бакнежите и нежностите и се страни, бидејќи за неа тоа е само губење на време.

Води љубов само за да ја задоволи чистата физичка потреба, а кога ќе и се досади еден, веднаш се префрла на друг маж. Умее да биде груба, па кога партнерот ќе побара малку внимание, умее да му одврати „остави ме на мира, гледаш дека имам маска на лицето“. Најважно и е да биде најубава.

Госпоѓица идеална

Таа изгледа совршено, беспрекорно е нашминкана, облечена, испеглана. Секогаш знае каде и што треба да каже, насмеана е, никогаш нема проблеми... Таа е совршена, па тоа го очекува и од партнерот. Во превод – мажот кој е со неа мора да заборави на ждригнување, пцуење, кромид, лук, попладневни дремнувања, излегување со другарите.... Реално, таков маж нема ниту во цртаните филмови.

Инспекторка

Таа поставува безброј прашања на кои никој нема одговор. Сака мажот секогаш да и полага сметка и често го следи за да знае со кого и каде се движи.

Најсреќна е кога критикува. Има совршена меморија. Памти ситници од пред десет години и не се двоуми да ги извлече од ракав кога ќе и се укаже можност за тоа. Разговорот со неа изгледа какао полициско испрашување, а заедничкиот живот како робија.

Момци...да додадете нешто!?

Би можело да ве интересира:

„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg