Што открива местото за првиот состанок

Местото кое мажот ќе го одбере за првиот состанок многу открива за неговата личност, тврди соосновачот на американскиот портал "100RedFlags.com", Bill Nichols.

sto-otkriva-mestoto-za-prviot-sostanok

Кафулето во соседството

Ако мажот ја повика девојката во соседството, тоа значи дека е опуштен, но и не сосема сигурен во своите љубовни способности, па дополнителна сигурност бара во познатото опкружување. Од партнерката очекува исто како и тој, да биде опуштена. Иако посакува љубовна врска, нема да му падне тешко ако ништо не успее.

Фудбалски натпревар, или партија тенис

Мажите сакат спорт, па не е за чудење ако на првиот состанок ја одведат девојката на фудбалски натпревар, на партија тенис, или прошетка во парк. Таквиот тип на маж бара активна партнерка со која ќе може да ги дели сите свои активности. Сака добро да ја запознае и да дознае дали делат исти интереси, па дури потоа да започнат врска.

Журка кај пријатели

Ако мажот ја повика девојката на журка кај пријателите, значи дека го интересира и дека сака да ја запознае со нив. Нему му е најважно да се забавуваат, а дури потоа ќе види дали таа врска има иднина или не. Нему врската и обврските не му се на прво место.

Отмен ресторан

Типот на мажи кои одбираат отмен ресторан, очекуваат втор состанок. Тој оди од врска во врска, ако девојката не сака врската да заврши за три месеци, за следниот состанок нека предложи излегување на некое помалку отмено место.

Место блиску до неговата куќа

Ако тој одбере за првиот состанок место кое му е поблиску нему отколку нејзе, особено ако може да дојде пешки, тоа значи дека бара авантура за една ноќ. На крајот од вечерта би можел да и понуди на девојката да преспие кај него затоа што неговата куќа е поблиску од нејзината.

Одење во тематско кафуле или ресторан

Ако мажот ја повика девојката во ново отворено тематско кафуле или ресторан, тоа јасно покажува дека се обидува да биде поинаков од другите. Тој има доволно самодоверба да излезе на непознат терен и отворен е за разни можности. Се труди на девојката да и биде пријатно исто како и нему и важно му е дали пријатно ја изненадил со предлогот за состанок. Не сака да троши време на бесмислени состаноци, па нема повторно да ја повика ако не почувствува поврзаност. Тој точно знае што сака и бара партнерка која поседува иста таква самодоверба.

Совршено место

Ако уште на првиот поглед местото кое тој го одбрал се чини совршено, можно е девојката да излегла со маж кој бил на „премногу“ состаноци. Тој бара партнерка со која ќе се смири и ќе основа семејство, а ако ги дели истите интереси, сонот би можел да се оствари.

Каде најчесто вие завршувате на прва средба?

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Можна ли е врска на далечина + како да ја зачувате близината со партнерот? Поставете правила и редовно слушајте се преку видео повици - врската на далечина...
„Кучешка“ поза со лисици за авантуристите што сакаат жежок секс (18+) Сакате да го „зачините“ сексуалниот живот? Секогаш можете да пробате нешто ново ...
Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
Прашувам за пријател: „Сопругот не сака деца, а јас сум љубоморна на мојата бремена пријателка - што... „Кога се запознавме ми кажа дека не сака да имаме деца додека немаме своја куќа....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg