5 лекции за возбудлив секс

Сексот со вашиот партнер не баш онаков каков што би сакале да биде. Можеби во нешто грешите? За среќа некои грешки може да се поправат.

5-lekcii-za-vozbudliv-seks

Постојат работи кои можеби ги правите погрешно, или би требало да ги избегнувате. Ако сте правеле грешки, немојте да се грижите, многу од нив може да се поправат.

Сепак, немојте да заборавите дека во врската има двајца и дека двајцата партнери учествуават во промените кои ќе допринесат кон возбудата во сексуалниот живот.

Опуштете се, уживајте и истражувајте, а со некои наши совети сменете го она што не е добро.

Немојте да го користите сексот како оружје

Сексот би требало да зближува, па со самото тоа одбивањето да водите љубов, како дел од освета, не е добро. Тоа не значи дека треба да се согласите на секс кога не сте расположени, или кога едноставно не ви е до сека, но немојте со одбивање да давате лекција само затоа што сте скарани. Знаете и самите колку е сладок сексот на смирување, па затоа држете се до тој став.

Мажите/жените не знаат која е вашата сексуална фантазија

Изразете ги со зборови своите потреби и желби. Немојте да дозволите да ви биде непријатно да кажете што сакате. Можеби патријалхалното воспитување има влијание, но верувајте, сексот служи и за уживање, а не само за репродукција. Партнерот треба да знае кои се вашите скриени фантазии, инаку како би се оствариле.

Жените и мажите не се од иста палнета

Мажите ги збунуваат жените, а жените не ги разбираат мажите. Нашите мозоци функцинораат на различен начин, што често пати е причина за фрустрација. Размислувањето дека мажите исто го разбираат сексот, или дека имаат сексуални желби како и жените допонително ќе го влоши сексуалното искуство. Можеби правите нешто што не му се допаѓа на партнерот. Разговарајте колку можете повеќе, бидејќи тоа е единствениот начин да го разберете партнерот и неговите/нејзините желби и очекувања.

Не е грев жената да иницира секс

На многу мажи им е привлечно и секси кога жената ќе преземе иницијатива иако жените тоа ретко го прават. Слободно треба да го повикаат додека е на работа, да му кажат колку го посакуваат и да инсистираат побргу да се врати дома. Верувајте тоа многу ќе го возбуди. Чувството на моќ кое се добива со преземањето на иницијатива делува како силен афродизијак.

Монотонијата ја убива желбата за секс

Никогаш, ама баш никогаш немојте да го палнирате сексот. Сите сакаат спонтаност, и мажите и жените, па сè што има врска со сексот навистина не би требало да се случуа во одередено време, или на точно зацртано место. Не инсистирајте секогаш да водите љубов во спалната соба. Тоа може да биде и на кујнската маса, или во автомобил, а тоа се само мал број примери. Нека ви работи фантазијата, немојте да се плашите од експерименти.

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg