Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


8 работи за кои зборуваат среќните парови

Покрај физичката привлечност, долгогодишните врски се темелат на големо количество разговори и доверувања. Всушност, тие се целта на среќните парови.

9-raboti-za-koi-zboruvaat-sreknite-parovi-1

Ова се деветте најчесто споделувани работи, кои ако ги практикувате, вашата врска се карактеризира како среќна и со прекрасна иднина.

1. Засрамувачките моменти кои речиси никој не сакате да ги дознае, често се споделуваат со оние на кои има веруваме. Не плашете се да започнете ваква тема, на крајот од краиштата тој е тука слатко да се насмее и да ги сподели своите засрамувачки приказни.

2. Политичките ставови не треба да ги чувате во себе или да се плашите од последиците ако ги кажете гласно. Тие се одличен начин да ја искажете својата филозофијата за моменталната ситуација на општеството, како и да ги согледате погледите на вашиот сакан.

3. Стравовите и несигурностите не се работа која треба да ја криете. Што ве загрижува? Што ве плаши? Што сакате да преземете околу тоа? Може да бидете само позитивно изненадени од поддршката и помошта која ќе ви ја упати вашиот партнер.

4. Прашајте го вашиот партнер како се одвивало неговото детство. Спомените од детските денови разговорите ги прават уште позабавни, а истовремено и ја проширувате сликата за интересите и карактеристиките на оној со кој градите врска.

9-raboti-za-koi-zboruvaat-sreknite-parovi-2

5. Минатите врски се навистина чувствителна тема, но признанието за текот на настаните навистина помага. Среќните парови се навистина спремни да научат како да го завршат минатото, без тоа да им ја попречи среќата во сегашноста.

6. Семејните врски и семејниот живот во рамките на неговите најблиски е навистина интересна тема. Ако барем малку размислувате за во иднина, мора да ги запознаете неговите односи со родителите, како и со подалечните роднини. Ако ништо друго, барем ќе ви помогне да се снајдете во семејните собири.

7. Во споредба со политичките или личните ставови, филмовите и сериите се интересен начин да дознаете во што всушност тој ужива. Фокусирајте се на неговите зборови на кои ги опишува филмовите.

8. Иднината е последната, но и најважна работа за која еден пар треба да разговара. Често проблемите настануваат по долги години, кога сликата за иднината на партнерите не им се совпаѓа. Тој проблем решете го на време со многу разговори, како на пример каде и како тој се гледа за 5 години. Најмалку што и двајцата заслужувате е да знаете кон што води вашата врска.

Би можело да ве интересира:

Една работа која ми го спаси бракот, откако добивме деца со сопругот Со партнерот имавме луда романса. Постојано мислевме еден на друг, се состанував...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
„Сопругот не сака да има секс со мене откако останав бремена – што да правам?“ „Не беше вака пред да останам бремена, па почнав да се мразам и себеси и него и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg