Сигнали дека запросувањето е близу

Ако се прашувате кога всушност тој ќе реши да ве запроси, неколку експерти ги откриваат тајните знаци дека времето се наближува.

signali-deka-zaprosuvanjeto-e-blizu-1

Ви кажува работи кои почнуваат со „ти си единствената која...“

Кога мажот ви признава дека сте посебна, верувајте дека вие сте единствената пред која сака да не најде на коленици... И тоа многу брзо.

Поканети сте на сите негови семејни собири

Ако сте само спореден лик во неговиот живот никогаш нема да ве вклучи во семејните активности. Спротивно на тоа, ако сте дел од сите собири со неговите родители и роднини, големи се шансите дека неговите планови се и вие да станете официјален член на тоа семејство.

Речиси сите негови пријатели се оженети

Се поспремен станува кога во негова околина се млади брачни парови, поточно неговите другари со нивните жени.

Почесто ве допира

Можеби е смешно, но тоа е еден од знаците дека тој посакува да ја однесе вашата врска на повисоко ниво, да ја официјализира. Тогаш чувствува потреба да ве допира и мази исто како и на почетокот.

Јасно кажува дека сака да живее со вас

Ништо не зборува толку јасно како самиот факт дека тој ви признал колку сака да го дели секој ден со вас. За повеќето мажи тоа е еден вид на проба која завршува со прстен на раката.

Спремен е со вас да дели повеќе

Покрај спалната соба, машкото его е многу силно кога станува збор за парите. Ако неговата спремност е до степен каде што заеднички одлучувате за финансиите, тогаш тоа е гаранција дека со вас сака да основа семејство.

Одеднаш како да влегол во пета брзина

Ако сте долго заедно, а одеднаш почнете да забележувате возбуда, тоа значи дека во мислите му се врти вашата веридба.

Никогаш не ве криви дека му шефувате

Ако никогаш не се пожалил дека го контролирате, тоа е добар знак и за вас и за него. Тоа покажува дека вашата врска е среќна и здрава, а пред се спремна да се официјализира.

Биолошкиот саат одбројува

Да, и мажите имаат биолошки саат кој одбројува. Дури и кога се шегува на сметка на вашата иднина, вашите деца и дом, знајте дека почнал да размислува за основање на семејство.

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg