Лошиот став за љубовта ги привлекува лошите момци

Многу жени се убедени дека добрите мажи повеќе не постојат, се плашат од самотија, не знаат дали сакаат да најдат подобар, а многу се надеваат како погрешниот ќе се претвори во оној вистинскиот.

losiot-stav-za-ljubovta-gi-privlekuva-losite-momci-01

Ако самите себеси не можете да се убедите дека сте во лоша врска, можно е да имате погрешна перцепција за љубовта, тврдат голем број на стручњаци.

Меѓутоа, тоа не е непроменливо. Признајте си дека вредите многу повеќе и променете го целокупниот начин на размислување во однос на љубовта.

Мислите дека нема веќе добри момци
Ако не верувате дека постојат добри мажи, многу лесно ќе најдете начин да се задоволите со погрешен затоа што тој ќе ви преостане како единствена опција. Промената околу ставот за мажите е првиот чекор кој ќе ве доведе до подобра врска.

Не знаете кои се вашите критериуми
Совршениот маж најпрво треба да си го замислите. Размислувајте за неговите квалитети. Размислете дали сакате авантурист или пак семеен тип на човек и утврдете ги карактеристиките кои ви се најважни.

Дури и кога знаете дека сте во врска со погрешен, не сте сигурни дали сакате да прекинете
Некои жени иако знаат дека мажот со кој се во врска не е оној правиот, тешко се одлучуваат за прекинување на врската. За да ја избегнете таквата ситуација, најпрво расчистите самите со себе и замислете се како би функционирале сами. Потоа, без двоумење изјаснете се дека врската не функционира.

Стравувате да не останете сами
Наместо времето да го трошите за да размислувате како не можете да функционирате сами, размислете како би функционирале во среќната врска која тек допрва ве очекува.

Верувате како погрешниот може да го претворите во совршениот
Луѓето не се менуваат, запаметете! Обидите за да го промените може само да ве фрустрираат и да ја поттикнат недовербата во љубовта. Затоа, откажете се од овој чекор во старт.

Ве привлекуваат лоши момци
Потсетувајте се на квалитетот кој ви е потребен, а тој го нема, секој пат кога ќе дојдете во контакт со ваков тип на момче. Не сакате повторно да завршите разочарани и тажни само затоа што не сте можеле да одолеете.

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Упатство за жени: Како да сакате маж? Правило за помнење: Во некоја ситуација тој ќе се однесува несоодветно, ќе биде ...
Можна ли е врска на далечина + како да ја зачувате близината со партнерот? Поставете правила и редовно слушајте се преку видео повици - врската на далечина...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
„Вљубена сум во шефот - како да го натерам да ги остави сопругата и децата и да биде со мене?“ „Знам дека е глупаво да започнеш врска со оженет маж, но тој вели дека сака да ј...
„Дали жената треба да му каже на партнерот со колку мажи спиела?“ (18+) „Па, не е поп за да му се исповедам“, гласи еден од хит одговорите на Србинка на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg