5 лаги за мажите во кои веруваат жените

Некои мислења за мажите, кога станува збор за нивниот однос кон понежниот пол, толку се врежани што станале правило, а всушност имаат многу малку врска со вистинската состојба.

5-lagi-za-mazite-vo-koi-veruvaat-zenite

Ова се петте најголеми митови за мажите во кои жените и понатаму веруваат.

1. Мажот нема да ја почитува жената ако спие со него уште на првиот состанок
Вистината е: нема разлика дали жената ќе има секс на првиот или на сто и првиот состанок. Сексот, односно неговото одложување, не делува на тоа колку мажот ќе ја почитува жената. Ако таа донесе одлука на темелот на ова верување, тоа не е она што го сака и би можела да се разочара.

2. Мажите сакаат да бидат ловци
Поточно мажите мораат да бидат ловци, бидејќи тоа од нив се очекува, а не затоа што тоа го сакаат. На посилниот пол, приоѓањето на непозната девојка или жена им преставува стресна ситуација, затоа што ризикуваат да бидат одбиени и понижени. Мажите веднаш би се менувале со жените за таа „неправедно“ доделена улога.

3. Мажот може да биде пријател со жена без да посака да спие со неа
Една од најчестите дебати е всушност оваа. Дали е можно машко - женско пријателство без страст и желба? Одговорот гласи: многу тешко, речиси невозможно. На мажите им е многу тешко да ги одвојат пријателството и страста. Физичката или менталната привлечност делуваат на нивниот начин на размислување, но тие тоа никогаш нема да го признаат.

4. Мажите сакаат изненадувања
Иако длабокото деколте, краткото здолниште, турбанот на главата со крпа после туширање или секси долната облека може да ја поттикнат машката фантазија, тие сепак сакаат конкретно. Женското тело е вредно за восхит, па ако жената сака да го изненади не треба да се сокрива под облеката туку треба да му подари 100% природна убавина.

5. Мажите се плашат од независни жени
Оваа невистина особено не важи за мажите помлади од 40 години. Тие сакаат да се дружат, да се познаваат, да работат и да бидат во врска со силни и независни жени. Самоуверениот партнер ќе биде горд на својата силна и независна партнерка и нема да мисли дека со тоа му е одземена машкоста.

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg