Разоткриени митовите за првиот состанок

Ако често се држите до „златните правила“  на првиот состанок, се воздржувате од отворени разговори, време е сето тоа да го заборавите.

razotkrieni-mitovite-za-prviot-sostanok-01

Сметката секогаш ја плаќа мажот, жената никогаш не треба да преземе иницијатива, на првиот состанок забранет ви е секс, со нов партнер никогаш не се зборува за бившиот... Толку многу забрани и ограничувања, што понекогаш заборавате да уживате.

Овие се само непишани правила, кои и ние самите не знаеме од каде потекнуваат.

Следните 3 митови по долго време се докажа дека нема потреба повеќе да се сметаат за митови на првиот состанок.

Мит 1 : Никогаш не зборувајте за бившите на првиот состанок

Вистина е дека новиот состанок не треба да биде уништен заради приказните од минатото, но оваа тема е далеку од табу-тема. Бидете отворени и искрени. Кога зборувате за минатите врски, објаснете зошто тие не успеале и што очекувате од оваа врска.

Мит 2 : Жената никогаш не смее да го покани мажот на состанок

Ако запознаете маж кој навистина ви се допаѓа, кажете му дека сакате да останете во контакт, па можеби и да испиете едно кафе заедно. Ако му се допаѓате, а не е вешт во заведувањето – ќе му ја олесните работата, а и вие ќе го добиете она што го сакате.

Мит 3: Религијата и политиката не се теми за прв состанок

Ако во минатото овие две теми биле повеќе машки отколку женски, сега работите се сменети. Вистина е, религијата или политиката може да доведат до спротивставени мислења, па дури и караница, па затоа може да почекате. Но, важно е барем од околу да ги дознаете неговите ставови и мислења.

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg