Како да ја совладате љубомората во врската

Љубомората е еден од најнепријатните негативни чувства и ретко се појавува сама. Како да се справите со ова негативно чувство?

kako-da-ja-sovladate-ljubomorata-vo-vrskata

Најчесто е резултат на други емоции, како што е лутината, вознемиреноста, фрустрациите и чувството на помала вредност, но може да биде и знак на љубов.

Во љубовната врска е прифатливо да се биде малку љубоморен, но ирационалното однесување и посесивноста се апсолутно непожелни.

Повеќето парови порано или подоцна ќе почувствуваат љубомора, таа е честа причина за кавги и недоразбирања во врската, но и причина за раскинувања.

Најчеста причина за љубомората е недостатокот на комуникација и неразбирањето. За да се совлада љубомората, мора да се пронајде нејзината причина и да се елиминираат негативните емоции кои можеби ја предизвикале нејзината појава.

1. Пронајдете ја причината

За да можете да ја совладате љубомората, морате да ја откриете причината на ова чувство. Љубомората не е добро да се сокрива, да се игнорира или тајно да се искажува. Најчесто се јавува поради страв  од губење на друга личност, а може да биде поттикната, но и не мора од некоја надворешна случка. Лошите искуства од минатото, во бившите врски или сегашниот партнер, исто така може да делуваат на борбата со љубомората.

2. Бидете разумни и реални

Оваа емоција често се јавува поради недостаток на комуникација во врската. Реално согледајте ја ситуацијата и немојте да ги мешате сопствените претпоставки и сомнежи со реалноста.

3. Бидете искрени

Разјаснете си ги своите чувства, но објаснете му ги и на партнерот. Немојте да ја сокривате љубомората бидејќи држењето на тие чувства во себе може да доведе до опсесивно однесување. Зборувајте со партнерот за причините за љубомората и признајте му што ве мачи.

4. Зголемете ја самодовербата

Љубомората може да се појави и поради чувството на помала вредност, несигурност и недостаток на самодоверба. Немојте да се споредувате со другите и наместо тоа, поработете на себе и зголемете ја својата самодоверба.

5. Имајте доверба во партнерот

Освен недостатокот на комуникација, причина за љубомората е и недостатокот на доверба во партнерот. Ако партнерот во минатото веќе ви дал причина за љубомора и недостаток на доверба, ќе ви биде потешко повторно да му верувате. Ако сметате дека вашите сомнежи имаат оправдана причина, обидете се да го решите проблемот со отворен разговор. Иако понекогаш е тешко, морате да имате доверба во личноста со која сте во врска.

6. Немојте да играте игри

Немојте да флертувате само за да го направите партнерот љубоморен. Ако партнерот ви бил неверен или се сомневате дека ќе биде, проблемите во врската нема да ги решите со детски игри и ситни освети.

7. Дајте и простор на другата страна и бидете независни

Здравата и успешна љубовна врска не е опсесивна. Немојте партнерот да го напаѓате поради секоја ситница која кај вас предизвикува чувство на љубомора. Врската се темели на меѓусебна доверба, а важно е и да се задржи дозата на независност и тоа истото да и се овозможи на другата страна.

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg