Како да се извлечете од лош љубовен состанок

Барем еднаш во животот на секого му се има случено да заврши на „О не!“ состанок, за кој би биле најсреќни воопшто да не се ни случил.

kako-da-se-izvlecete-od-los-ljuboven-sostanok

На состанокот само тој зборува за автомобили или фудбал, а таа молчи. Или само таа зборува за супер нова облека или за расправијата со пријателките, додека тој бледо гледа пред себе. Ова се само некои од можните сценарија за лош состанок, а ги има безброј.

Првиот состанок би требало да биде краток, да речеме до еден час. Значи, најдобро е на првиот состанок да се најдете на брзинско кафе, чај или сок. Вака ќе добиете впечаток за другата личност, па ќе можете да заклучите дали состанокот бил добар или лош и дали сакате повторно да излезете.

Ако сте излегле втор пат тогаш состанокот би требало да биде подолг, да трае неколку часа, да биде сосема поинаков од оној брзинскиот од еден час.

Но, ако сте заклучиле дека првиот пат сте донесле лош заклучок и си ја сакате назад својата слобода, еве како да си помогнете.

Прво ниво

На првиот состанок е мил/а, но едноставно не чувствувате хемија. Бидејќи се работи за драга личност, не би било убаво само да ја откачите. Потрудете се да се извлечете на најбезболен начин.

Второ ниво

Сите ние го имаме оној глас во себе кој често ни шепнува дека нешто е добро, а нешто не. Обично го нарекуваме шесто сетило. Значи ако нешто ве вознемирува кај личноста со која сте на состанок, но сè уште не знаете што е тоа точно, послушајте го својот внатрешен глас.

Трето ниво

Постојат луѓе кои не знаат културно да се однесуваат. На пример на првиот состанок зборуваат за својата бивша љубов или постојано ве допираат, а вам тоа ви пречи. Ако ви пречи таквото однесување на самиот старт, најдобро е тоа веднаш да го кажете.

Четврто ниво

Некои луѓе имаат полесни или потешки психички проблеми кои знаат да ги сокријат, но сепак испливуваат на површина, некогаш полесно, а некогаш само во одредени услови. Драстичните промени на расположение, нападното смеење, па очајно плачење, испади на бес... тоа се само некои знаци дека сте со вистински психопат.

Би можело да ве интересира:

Зошто не е воопшто лошо да се биде сингл? Вкусот на неограничената слобода. Не треба да се консултираш, преговараш или убе...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg