Дали тајната врска има предности?

Младите се вљубуваат, прават свадба, добиваат деца и живеат среќно до крајот на животот.... Сите ние сме израснале со такво уверување, дека така треба да изгледа вистинската љубов. Потоа, еден ден, реалниот живот нè демантира.

dali-tajnata-vrska-ima-prednosti

Излегува дека љубовта не е едноставна ниту вечна како што сме мислеле. Таа е живо суштество, се раѓа, расте, се менува, се појавува онаму каде што не ја очекуваме и умира.

Дали тајната љубов има предности?

Да
Зафатениот маж, по правило, ја опсипува љубовницата со љубов, внимание, подароци, комплименти. Тој е галантен и слаткоречив, а тоа и годи на секоја жена. Нивната врска е насочена само на уживање. Не се гледаат во најлошите изданија, не мораат да ги делат секојдневните домашни обврски, немаат конфликти околу децата, не се караат кој да го фрли ѓубрето, немаат заеднички финансиски проблеми. Тоа е љубов под стаклено ѕвоно. Самодоволна, слободна и растеретена од сите проблеми кои со себе ги носи реалноста. Таа е апстрактна и затоа опасно личи на идеална.

Не
Најголемата мана на паралелните врски е тоа што во нив секогаш постои дистанца. Двајцата партнери само делумно покажуваат и дават дел од себе, што овозможува долготрајна идеализација. Проблемот е во тоа што жената нема можност да се одљуби и да почне да го запознава и сака човекот од крв и месо. Таа непрекинато живее во илузија дека нејзиниот љубовник е идеален и дека е тој она што и е потребно. Затоа станува зависна од врската која всушност нема иднина и останува во неа и кога ќе преовладаат болката и страдањата. Љубовницата се надева дека љубовта ќе победи и дека приказната ќе има среќен крај.

Кое е вашето мислење за тајните врски?

Би можело да ве интересира:

„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...

Најчитани неделава