Шест ситуации од кои мажите постојано бегаат

Сигурно некои од овие работи и самите сте ги доживеале, но не сте можеле да ја пронајдете причината. Разберете дека мажите лесно се плашат од речиси сè што им се гледа посериозно, па затоа обидете се да ги разберете следниве шест ситуации.

sest-situacii-od-koi-mazite-begaat-01

Разговорите за бившите

Секако дека понекогаш ќе дојде на ред и таа тема, но што поретко тоа подобро. Ако постојано се навраќате на минатите врски, мажот полека ви се лизга од рацете без тоа да го забележите. А кога веќе ќе се сетите дека време е да се фокусирате на сегашноста, верувајте тој ќе биде предалеку.

Деца

Нормално е дека секоја жена сака деца, исто како и секој маж. Но, ниту еден тип на маж не сака на првиот состанок да открие дека девојката е луда по бебиња. Да појасниме неколку работи, мажите на почетокот на врската размислуваат за само две работи: 1. Дали оваа девојка ми се допаѓа доволно за да започнам сериозна врска? 2. Кога ќе имаме секс?

Запознавање со родителите

Озбилен чекор кој зборува колку всушност сериозен пар сте. Поголем дел од мажите можеби се плашат токму од тоа, а не од вашата мајка и татко. Затоа, не брзајте со родителите – тогаш ќе бидете неговата бивша девојка која изгледа очајно. Убедете се дека има време за се.

Преголема контрола

Некои луѓе едноставно не може да се воздржат и мора да имаат контрола над секоја можна ситуација. Доколку таквото однесување го забележите кај себе, време е да направите огромни промени. Не трудете се да го облечете, да му кажете што да јаде, да му давате до знаење дека треба да вежба... Каков е, таков е и во каква состојба и да е прифатете го.

Присвојување

Не сте пар додека гласно не го чуете тоа од неговата уста. Четири состаноци и Фејсбук статус? И зошто се чудите зошто тој бега? Забавувајте се, покажете му дека не сакате да го присвоите и да го претворите во предмет со ваш потпис. Дајте и шанса на романсата да процвета, па потоа менувајте го статусот и објавувајте заеднички слики.

Разговори за сексуалните односи со бившите

Овој разговор може да биде многу непријатен, дури и со момчето кое сте заедно веќе неколку години. Не му е најпријатно да слуша со кого сте спиеле ниту сака да му раскажувате за вашето сексуално искуство. Секако, на оваа тема некогаш сигурно ќе разговарате, но бидете внимателни со местото и времето. И што и да кажувате, никогаш не споделувате како вашиот бивши ве допирал, која била ваша омилена поза и останати детали. 

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...

Најчитани неделава