Откријте каков е во кревет

Дали постои начин да препознаете каков е некој во креветот пред да легнете со него? Постои! Начинот на кој некој се облекува, неговите особености, стилот, апетитот и говорот на телото – сето тоа е симбол и ги одразува сексуалните склоности, а со самото тоа укажува и на тоа како таа личност ќе се однесува во кревет.

prepoznajte-kakov-e-nekoj-vo-krevet-pred-da-legnete-so-nego-1

Како јаде

Не може да се негира дека најдобрите љубовници се хедонисти: тие уживаат во сите задоволства кои ги нуди животот, а тоа најочигледно го покажува начинот на кој што јадат. Тие не јадат за да преживеат, туку уживаат во јадењето. Во повеќето случаи, добриот апетит е знак за изразено либидо. Обрнете внимание како јаде вашиот потенцијален љубовник и замислете како ви го грицка увцето, вратот и сл. Ако сака да испробува нови егзотични вкусови, сигурно нема да се стеснува да проба некоја од позите на Камасутра.

Како зборува

Ако зборува монотоно и ретко го менува изразот на лицето, веројатно е незаменлив. Недостатокот на ентузијазам значи дека веројатно ќе биде здодевен во креветот. Ако за вечера во ресторан нагласено гестикулира, веројатно е полн со живот. Ако е така страствен/а во обичните ситуации, замислете ги љубовните ситуации.

prepoznajte-kakov-e-nekoj-vo-krevet-pred-da-legnete-so-nego-3

Каков е во друштво

Колку е некој поотворен и покомуникативен, толку е поуспешен во креветот.

Каде седи во ресторан

Важен показател е и местото кое го одбира во ресторанот. Ако повеќе сака да седи за да може да ве гледа само вас и ѕидот, а не останатите гости, веројатно со него ќе уживате во сексот. Ако повеќе сака да се концентрира на вас, толку повеќе ќе ви се посвети кога ќе се најдете сами во четири ѕида.

prepoznajte-kakov-e-nekoj-vo-krevet-pred-da-legnete-so-nego-3

Како ве држи за рака

Начинот на кој некој - особено мажот – ве држи за рака навестува не само како ќе се однесува во кревет, туку и какви чувства ќе има кон вас по сексот. Преплетените прсти може да бидат знак дека е многу еротичен, го допира секој дел од вашата рака што ја покажува неговата желба да бидете поврзани и физички и емоционално. Мажот кој ве држи само за врвовите од прстите, не е особено заинтересиран, а ако ве фати за рака на класичен начин, значи дека е приврзан, но немојте да очекувате изненадувања во сексот.

Како бакнува

Ако го опфати лицето со двете раце додека се бакнувате, знајте дека е романтична душа и е многу страстен љубовник, но очекува да му возвратите на ист начин. Ако го понесат чувствата за време на првиот бакнеж, тоа е добар знак. Уште подобро е ако воздивнува.

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
„Кучешка“ поза со лисици за авантуристите што сакаат жежок секс (18+) Сакате да го „зачините“ сексуалниот живот? Секогаш можете да пробате нешто ново ...
Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...
„Вљубена сум во шефот - како да го натерам да ги остави сопругата и децата и да биде со мене?“ „Знам дека е глупаво да започнеш врска со оженет маж, но тој вели дека сака да ј...
Упатство за жени: Како да сакате маж? Правило за помнење: Во некоја ситуација тој ќе се однесува несоодветно, ќе биде ...
„Порано пред секс го гасев светлото, но повеќе не се срамам од своето тело - како ми помогна сопруго... „Сликата за моето тело што ја имав во главата, влијаеше лошо на мојот сексуален ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg