4 необични совети од Камасутра

Сексот е вистинска наука ако се суди по авторот на Камасутра, најпознатата книга со упатства за извонреден секс и љубовен живот. Некои совети од овој љубовен прирачник се застарени, но гледајќи во целина, Камасутра дава увид во неверојатно добри совети за емотивните врски и сексот.

5-neobicni-soveti-od-kamasutra

Ова е список на некои почудни совети:

Мораш да си ги познаваш своите слаби точки

Дали некогаш сте се запрашале кои карактерни мани можат да ја расипат вашата љубовна идила? Еве неколку: слаб интелект, претерана гордост, претерана едноставност, непромисленост, злоба.

Мажи, поставувајте прашања

Мажот би требало да поставува прашања во врска со оние работи за кои навистина не знае ништо, или се прави дека не знае, а на кои можен одговор се само неколку збора. Иако мажот многу ја сака својата жена, тој никогаш нема да успее да „победи“ без многу разговор.

Учете од најдобрите

Камасутра вклучува и список на мажи кои имаат успех со жените, кој очигледно важи и ден денес:

- Мажи кои што умеат убаво да зборуваат

- Мажи со самодоверба

- Мажи кои се свесни за своите слаби точки

- Способни и храбри мажи

- Мажи кои што сакаат добри жени

Само полека

Мажот би требало да почне со додворување за да ја придобие жената и да и влее самодоверба, но со сексуалното задоволство треба да почека. Посебно треба да се внимава со жени кои се нежни по природа. Со нив треба полека и внимателно бидејќи во спротивно, ако им се пристапи агресивно, може да развијат негативни чувства кон сексуалниот однос. 

Би можело да ве интересира:

„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Тим билдинг е еднакво на разврат - оженети мажи и омажени жени со афери по хотели“ „Тим билдинг е еднакво на разврат. Женети мажи и мажени жени се развлекуваат по ...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg