Како што спиете, така и сакате

Положбата во која што спиете со партнерот може да ви открие каков пар сте, тврди американскиот психолог, Кристен Вок. Погледнете можеби ќе се пронајдете!

kako-sto-spiete-taka-i-sakate-1

Во облик на лажица
Овде постојат две различни варијанти – мажот е свртен спротивно од партнерката, а таа нежно се припива до неговото тело. Тоа значи дека тој сака дистанца, но таа не му дозволува. Но, може да значи и дека таа е доминантна во врската и дека тој и ја препушта таа улога. Ако жената му го врти грбот на партнерот, тоа значи дека му е потчинета на мажот. Ако парот редовно ги менува положбите, тогаш станува збор за рамноправни односи.

Положба на вага
Парот лежи на страна допирајќи се со грбот и задниците. За научниците ова е јасно: двајцата сакаат интимност, но во исто време се независни. Ако во положбата на вага воопшто нема допирање, тоа е знак за напнатост во врската.

Љубовен јазол
И мажот и жената лежат на грб и се прегрнуваат. Оваа положба е својствена за тукушто вљубените парови. Но, ако оваа положба се практикува и понатаму значи дека одлично функционирате во врската.

kako-sto-spiete-taka-i-sakate-2

Ангел чувар
Мажот лежи на грб, а жената е на неговите гради. Паровите кои што спијат во оваа положба имаат голема доверба еден во друг.

Ножици
Секој лежи на својата страна од креветот, но се допирате со колената, рацете или дланките. Стручњаците велат дека оваа положба покажува дека двајцата партнери не сакаат цврсто да се врзуваат. Всушност постои можност и двајцата да не знаат дали сакаат да бидат заедно.

Секој на своја страна
Тој лежи на левата страна, таа на десната и не се допираат. Оваа поза не значи дека автоматски парот повеќе не се разбира, туку укажува на толерантност и желба на другиот да му се овозможи пријатно спиење.

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg