10 одговори на најнезгодните прашања за сексот

Колку и да мислиме дека знаеме се за сексот секогаш ќе се пронајде барем едно прашање на кое не го знаеме одговорот. Ова се десет најинтересни одговори на вечната тема – секс.

10-odgovori-na-najnezgodnite-prasanja-za-seksot

1. Која е најудобната поза за секс под туш?
Зависи од кадата, но секако најудобна поза е стоечката. Жената се потпира со рацете на ѕидот или работ од кадата, а мажот нека биде одзади. Ако имате можност да ја загреете атмосферата намстете се пред огледалото.

2. Дали мажите сакаат да им се допираат брадавиците?
Зависи од мажот. Некои тоа го сметаат за иритирачко чувство, а за некои тоа е ерогена зона. Пробајте, никогаш не се знае.

3. Која поза е најдобра за оргазам?
Сите сме различни, но истражувањето покажало дека најсилни се реакциите кога жената е одозгора. Причина за тоа е што во таа поза е најсилна дразбата на клиторисот.

4. Во која поза најлесно се доаѓа до женската Г-точка?
И ова прашање е индивидуално. Кај повеќето жени до Г-точката најлесно се доаѓа со популарниот доги стил. Станува збор за поза во која жената клечи или стои потпрена на ѕид, а мажот е зад неа.

5. Колку предигра е потребно за жената да се навлажни?
Предиграта е многу важен дел од сексуалниот однос и за неа треба да се издвои време. На жените најчесто им треба од 15 до 30 минути.

6. Кој е најдобриот начин за да се спречи прераната ејакулација кај мажот?
Ако мажот е силно возбуден обидете се за време на сексот што почесто да ги менувате позите. Тоа ќе му даде време да се „одмори“, а вам да доживеете многу динамичен секс.

7. Зошто сите мажи наутро се најсилно воабудени?
Тоа е природна реакција бидејќи во утринските часови, дури и пред будењето машкиот полов хормон, тестостеронот е на највисоко ниво.

8. Дали е нормално жената, или мажот да мастурбираат и после одличен секс?
Мастурбацијата е нормална појава бидејќи редовниот секс дополнително за зголемува желбата за секс. Тоа значи дека колку повеќе имате секс, толку почесто ќе бидете возбудени.

9. Која е најдобрата поза ако жената е многу пониска од мажот?
Разликата во височината во сексот може да преставува проблем. Позите кои се идеални за големите разлики во височината се оние во кои жената е одозгора, или пак онаа во која жената клечи, а мажот е одзади.

10. Зошто жените за време на сексот, или по оргазмот често имаат чувство дека им се оди по мала нужда?
Чувството на потреба од мокрење за време на сексот е сосема нормална реакција, а тајната се крие во Г-точката која се наоѓа многу блиску до мочниот меур. Многу жени не можат да имаат однос ако им е полн мочниот меур.

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
„Кучешка“ поза со лисици за авантуристите што сакаат жежок секс (18+) Сакате да го „зачините“ сексуалниот живот? Секогаш можете да пробате нешто ново ...
„Жабa во скок“ - секс поза за врвно уживање (18+) Иако на почетокот може да ви изгледа неудобна, ќе се изненадите колку е лесна пе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg