8 намирници кои го намалуваат либидото

На нашите сексуални способности големо влијание има храната и појадоците кои ги внесуваме. Иако уживаме во нивниот вкус, одредени намирници ја намалуваат желбата за секс. Следат осум најопасни. Ако сакате да ја сочувате сексуалната моќ, избегнувајте ги овие намирници.

8-namirnici-koi-go-namaluvaat-libidoto

Газирани сокови
Вештачките засладувачи во газираните сокови имаат штетни последици за нашето тело. Го спречуваат лачењето на серотонинот, доведуваат до главоболка, молчеливост и анксиозност. Во таква состојба тешко дека ќе се јави желба за секс.

Сланина
Високиот процент на сол и вештачки адитиви, премногу натриум и калиум во сланината предизвикува зголемен крвен притисок кој му пречи на протокот на крв во гениталиите. Покрај сланината негативни ефекти имаат и инстант супите. Циркулацијата може да се подобри со внесување на вода.

Алкохол
Малите количини на алкохолни пијалаци го намалуваат стресот и прават да се чувствуваме сексапилно. Но, со неговото внесување не треба да се претерува. Преголемата консумација го спречува ослободувањето на тестостеронот кој е потребен за ерекција. Трикот е во тоа да се запре по неколку пијалаци.

Брза храна
Плескавиците, пиците, прженото пилешко... се преполни со калории, заситени масни киселини и адитиви, но и го подигаат нивото на инсулин во крвта. Преголемат аколичина на оваа супстанца лошо делува на сексуалната способност кај луѓето и ја загрозува функцијата на јајниците. Затоа исфрлете ги маснотиите од исхраната и оргазмот нема да изостане.

Сирење
Малите количини на сирење делуваат како афродизијак, но зголеменото внесување на овој млечен производ создава неред во организмот и не прави нерасположени.

Кафе
Љубителите на кафето мора да намалат со внесувањето на овој омилен напиток. Кофеинот има големо влијание на надбубрежната жлезда. Ако претераме со неговото консумирање, ќе бидеме загрижени и вознемирени, без енергија и сексуална желба, кафето е најдобро да се замени со вода.

Грав
Истражувањата покажале дека гравот, особено оној со додаток на соја, содржи фитоестроген соединенија кои го имитираат дејството на хормонот естроген. Поради тоа гравот ја попречува нормалната функција на ендокриниот систем. Нередот со хормоните негативно делува на нашето расположение и мотивација за секс.

Црвено месо
Немојте да претерувате со црвеното месо. Ако е тоа често на вашето мени, ќе се чувствувате забавено и вашата циркулација ќе биде намалена, а никој не сака да заспие во 21 часот поради дигестивни проблеми. Умерените количини не се штетни.

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
„Ја сретнав девојката од моите соништа, но издржувам само 30 секунди водење љубов со неа - што да на... Темата за предвремена ејакулација не е многу дискутирана меѓу мажите и нивните д...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg