Што премолчуваат мажите?

Сите ние имаме свои мали тајни и фантазии, но постојат работи преку кои жените тешко би поминале кога партнерите тоа би им го признале. Затоа момци, молчењето е злато!

sto-premolcuvaat-mazite

На жените им даваат машки имиња

Ако погледнете во неговиот мобилен телефон и ако ги прегледате пораките и именикот, тој е полн со негови пријатели. Но, немојте да мислите дека е така. Многу мажи своите симпатии ги меморираат со машки имиња. Затоа девојки, ако видите дека често се допишува и се слуша со Марко, можно е да се работи за некоја Марина.

Лажат за нејзините пријателки

Многу мажи „фрлаат око“ барем на една пријателка од својата партнерка. Значи, баш таа за која што тврди дека не е ништо посебно и дека е просечна, му се „врти“ по глава.

Ја сонува нејзината мајка

О, да! Верувале или не има мажи кои што имаат „непристојни“ сни во кои  главна улога игра мајката на неговата партнерка. Дали треба дополнително да се објаснува зошто ова никогаш не би го признале?!

Мило за драго, но уште полошо

Неверството е предавство. Но, и секое неверство не е исто. Значи, ако партнерот дознае дека бил изневерен многу е извесно дека ќе го возврати ударот и тоа ниско под појасот. Во такви ситуации внимавајте на своите блиски!

Дали навистина води љубов со неа?

Убаво му е со партнерката. Поминува пријатни заеднички моменти во разговор, излети, излегувања... но дали му е толку привлечна во сексот? Некои мажи се склони за време на сексот да замислуваат дека тоа го прават со некоја друга девојка, на пример со цимерката, неговата пријателка. Секако, тоа ни во лудило не би го признале.

Ја мрази нејзината мајка

Од секогаш е позната нетрпеливоста помеѓу снаите и свекрвите, но честа е и онаа помеѓу зетовците и бабите. Можно е партнерот да мисли за нејзината мајка дека е вистинска кучка, но тоа ќе го премолчи за да не ја навреди.

Неговите пријатели знаат каква е во кревет

Тие едноставно сакаат да се пофалат. Ќе им раскаже на пријателите што сте му правеле во кревет, без ни малку срам, напротив може нешто и ќе додаде и тоа само за да се пофали пред нив и да си даде важност.

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
„Тим билдинг е еднакво на разврат - оженети мажи и омажени жени со афери по хотели“ „Тим билдинг е еднакво на разврат. Женети мажи и мажени жени се развлекуваат по ...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg