Идеални решенија за вечните секс дилеми

Ако некогаш се најдете во сексуална дилема од која не гледате безболен излез, обидете се да се сетите на барем една реченица од ова што ќе го прочитате.

idealni-resenija-za-vecnite-seks-dilemi-01

Изморени сте? Дали треба да имате секс или да се одморите?

Одговорот на ова прашање зависи од нивото на исцрпеност. Ако сте премногу изморени, сте имале напорен ден и заморот не е само изговор, време е да се вовлечете во меката постела и да одморите. Но, ако има барем мали шанси да се расположите, верувајте дека подобро е да одберете секс. Сексуалните игри се секогаш добар начин за да ја избегнете несоницата, да го намалите стресот и да ја зачувате возбудата во врската или бракот.

Дали да имате секс ако сте лути?

Оние кои го обожаваат сексот за помирување, на ова прашање ќе одговорат потврдно. Ако барем еден од вас иницира секс додека сте лути ќе имате поголеми шанси да го сочувате партнерот, но треба да ви е јасно дека тоа не е решение, туку само почеток на објаснувањето зошто и кој е во право. Сепак, лутината може да биде одличен афродизијак.

Дали никаков секс е подобар од досаден секс?

Да, ако тоа време паметно го искористите. Дури понекогаш добро е да се воведе договорена апстиненција во врската на одреден период, а во тој период забранетото може да ви изгледа многу послатко од претходно.

idealni-resenija-za-vecnite-seks-dilemi-02

Дали е фер да пронајдете нов партнер ако моменталниот ве запоставува?

Ако било кој од партнерите подолго време избегнува интимност, имате сериозни проблеми. Имате само две опции во овој случај. Разрешувањето на проблемот со отворен разговор е првата, додека втората е искрено објаснување зошто го/ја напуштате. Ако било кој од партнерите не е доволно заинтересиран за сексуалните игри во врската, време е врската да се прекине.

Дали оралниот секс е задолжителен?

Ова е можеби една од најчестите дилеми и има различни одговори од двата спротивни пола. Но, вистина е дека не е задолжителен доколку постои сериозна пречка или одбивност. Срамежливоста или одбивањето без причина не спаѓаат тука. Затоа, размислете кои се можностите, што нудите, а што добивате за возврат, па самите одлучете.

Би можело да ве интересира:

„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
10 работи кои ќе ја направат вашата врска посилна (според терапевтите) Чистењето на домот не треба да е обврска само на едниот партнер, туку на двајцат...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
Една работа која ми го спаси бракот, откако добивме деца со сопругот Со партнерот имавме луда романса. Постојано мислевме еден на друг, се состанував...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
„Партнерот ме уценува да живееме заедно, но јас не сакам да бидам маќеа на неговите деца“ Дали жената треба да живее со партнерот иако не е подготвена да се грижи за него...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg