Орален секс: Одговори на сите женски прашања

Кога станува збор за орален секс, многу припаднички на понежниот пол ги мачат безброј прашања.

oralen-seks-odgovori-na-site-zenski-prasanja

Ова се најчестите прашања на дамите за орално задоволување на партнерот:

1. Дали мора да се практикува длабоко грло?

Никако. Многу жени мислат дека тоа не е тоа доколку не успеат да го задоволат на овој начин партнерот. Малкумина го можат ова. Обидете се, но задоволството не е помало и тој секако ќе ужива.

2. Што ако неговиот пенис има непријатен мирис?

Заедничко туширање ќе ви дојде добро. Како предигра предложете уживање во купка. Но, доколку не помага туширањето, станува збор за габична инфекција и партнерот би требало да посети уролог.

3. Што ако мојата уста е сува?

Долната страна на јазикот ставете ја на непцето и држете така неколку минути. Тоа ќе предизвика во вашата уста да се создаде повеќе плунка. Можете да си помогнете и со лубрикант погоден за орален секс.

4. Му треба долго време да постигне оргазам, а веќе чувствувате болка во усните и раката. Како да го забрзате?

Доколку мажот не може брзо да постигне оргазам, оралниот секс често може да стане вистинско измачување за жената. Задолжително стимулирајте ги и неговите тестиси како и точката т.н. перинеум (делот помеѓу тестисите и анусот). Вака со сигурност ќе го доведете до лудило.

5. Каков е вкусот на семената течност и дали да голтнете?

Вкусот во принцип зависи од исхраната. Најчесто е соленкаст со можеби некоја нијанса на горчливост. Во принцип понепријатен е фактот што семената течност е топла. Доколку ви е проблем да голтнете веднаш, задржете ја момент во устата и потоа обидете се.

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg