50 совети за среќен брак и долготрајна врска

50-soveti-za-sreken-brak-i-dolgotrajna-vrska-02

26. Прашувајте што можете да направите за него/неа.

27. Ако сакате нешто, кажете го тоа. Никој не знае да чита мисли.

28. Ако децата ви се центарот на светот, ќе се појави црна дупка кога тие ќе си отидат.

29. Препознајте си ги слабостите, но насочете се кон силните страни.

30. Ако секогаш морате да победите во кавгата, дефинитивно ќе ја изгубите врската.

31. Разговарајте за бракот, но тоа нека не преминува во оговарање.

32. Не мора секое ситно несогласување да ја доведува вашата врска до работ.

33. Во ред е да не се согласувате и да се расправате, сè додека потоа разговарате.

34. Не е во ред да имате агресивни испади, ниту на само, ниту пред другите.

35. Не се расправајте пред другите, освен ако не се работи за адвокат или брачен советник.

36. Вашата сопруга е ваша сопруга, не ваша мајка. Затоа, чистете зад себе!

37. Не е ваша работа да го усреќувате партнерот. Секој ја создава својата среќа сам.

38. Ценете ја љубовта која партнерот ви ја дава. Не очекувајте дека треба да ви ја подарува. Љубовта треба да ја заслужите.

39. Креирајте своја традиција за време на празниците.

40. Клучот до интимноста е делењето на желбите, стравовите и надежите.

41. Ако сакате да ја изненадите сопругата, завршете ги домашните обврски. Тие знаат да бидат голема пречка ако ги извршува само еден партнер.

42. Послушајте ги туѓите совети, но сами донесувајте ги одлуките.

43. Спонтаните изрази на љубов се секогаш подобри од планираните.

44. Да бидеш себичен и да сакаш е невозможно!

45. Ако забележите дека тој/таа полудува на една тема или на едно име, не го споменувајте!

46. Само заради тоа што знаете до каде е нечија граница, не значи дека имате право да ја преминувате.

47. Ако почесто сте будни во креветот со далечинскиот управувач отколку со партнерот, тогаш имате сериозни проблеми во бракот.

48. Парите се нешто околу што треба да разговарате, не да се расправате.

49. Кога веќе ги кажавте сите ваши ставови, уште еднаш додајте дека го/ја сакате. Никогаш не претете со крај на врската.

50. И еден одличен совет за крај: За да имате успешен брак секој пат кога сте виновни признајтеи секој пат кога знаете дека сте во право премолчете!



Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...

Најчитани неделава