Дали сте подготвени за врска на далечина?

Ако нешто е најголем тест за една врска, тоа е разделеноста и оддалеченоста која треба да успее да ве зближи. Најчесто тоа не успева, но оние кои ќе успеат се навистина вистинските.

dali-ste-podgotveni-za-vrska-na-dalecina-01

Да се биде во врска на далечина значи трпение, љубов, верба и разбирање. Оние кои биле или се во ваква врска или кои се, знаат како се одвива, но за оние што се размислувате дали да влезете во некоја таква врска, размислете дали сте подготвени за следниве :

1. Моменти кои ве доведуваат од една до друга крајност

Добрите моменти за вас се одлични, а лошите моменти се брутални. Не можете да го одржите балансот. Посилно е од вас кога работите ги доживувате со многу поголем интензитет отколку што би ги почувствувале ако се случуваат во ваша близина. Тоа се секојдневни ситуации кои вие поинакво ги доживувате затоа што барате дополнителни знаци и објаснувања кои не можете да ги видите, па сомнежот е многу поголем.

2. Станувате беспомошно романтични

Пишување писма, пораки, изненадувања, пречекувања и сите останати максимално романтични, за некого можеби и патетични изливи на љубов. Едноставно нема те мерка колку е доволно, па правите сè до максимум. Секако тоа го разбираат само оние кои се наоѓаат во таа ситуација. Сакате да надоместите за сè пропуштено.

dali-ste-podgotveni-za-vrska-na-dalecina-1

3. Еднакво ја мразите и ја сакате технологијата

Користејќи ги интернет комуникациските алатки и апликации како Фејсбук, Скајп, Вајбер, ВацАп и сл. заштедувате многу пари, бидејќи бесплатно комуницирате колку сакате, но сепак не може да го остварите вистинскиот физички контакт и тоа е нивната најголема маана, а ваша најголема потреба. Сепак, да не се тие сигурно би полуделе од грижа, тага и осаменост и многу очигледно би било дека тоа не би траело долго.

4. Навистина е скапо

Дури и ретко да се сретнувате, сепак треба постојано да штедите и да позајмувате за да си овозможите пат и престој во друг град, држава. При тоа некогаш мора да ја потрошите и сметката на телефонот, а зависно од релацијата, тоа може да чини и цело богатство. Сепак, љубовта е таа која прави да се издржат сите тие маки и во нејзино име да се откажете од сè друго.

5. Се почитувате повеќе

Кога ќе се видите сакате повторно да си ги раскажете сè што ви се случило без разлика колку се повторувате. Сепак поинаку е кога сето тоа ќе си го раскажете. Правите работи кои за некој друг ретко би ги направиле и се трудите на најдобар можен начин да го искористите времето, без да си префрлате за ситници, како што тоа го прават паровите кои се секојдневно заедно.

dali-ste-podgotveni-za-vrska-na-dalecina-2

Покрај сите маани и пречки нема ништо поголемо од љубовта, доколку таа е вистинска, а ова се само мали тестови кои можат тоа да ви го откријат.

Би можело да ве интересира:

„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg