Машко-женска астрологија

Сите ги знаете карактеристиките на својот знак, како и на знакот на вашиот партнер. Но, постои и значајна разлика меѓу машките и женските претставници...

masko-zenska-astologija-01.jpg

Добро е да се запознаете со посебните одлики на астролошките полови.

Овен

Жената Овен е енергичен флертувачки ураган што сака да биде ценета и опсопувана со внимателни гестови, но таа ќе ве напушти во истиот момент кога ќе почувствува дека ја гушите. Најмногу ја привлекуваат згодни, успешни љубовници кои можат да го подигнат и онака високото ниво на нејзината самодоверба.

Ако го загуби интересот за партнерот, веднаш ќе го остави менувајќи го за „посјаен модел“. Ако сепак го освоите нејзиното срце бидете подготвени на нејзината љубомора, натпреварувачки дух, па понекогаш и суровост. Оваа жена може да биде комплетно лојална и го бара истото за возврат.

Мажот Овен е динамичен борец кој сака да биде преплавен од страст и емоции, но не може да поднесе никаква рутина. Сака моќни, мотивирани партнерки чија страст е еднаква на сексуално торнадо. Ќе треба време да се навикнете на неговиот вообразен став, како и на неговите брзи пламнувања во страшен бес, но за среќа тој се смирува еднакво брзо како што се жести.

Треба да бидете многу возбудливи за да почнете врска со него, а монотонијата е најдобар начин да го оддалечите од себе.

Бик

Жената Бик најчесто ја крие својата ранливост. Ја привлекуваат партнери кои се материјално еднакви или подобри од неа, оние кои нудат некаква гаранција за иднината.

Таа сака да ги негува и да се грижи за луѓето што ѝ се драги. Во јавност ќе биде мирна и тивка, а пред најблиските ќе ја покаже својата дива страна. Многу е тврдоглава, а знае да биде и посесивна.

Мажот Бик е полн со интегритет и сила, лојален е и драг. Најчесто нештата ги гледа црно-бело, неговата партнерка веројатно често ќе дискутира во обид да му ги смени крутите сфаќања.

Бикот ја очекува истата лојалност што ја дава, и веднаш ќе ја остави партнерката која флертува со други мажи. Можеби не е авантуристички настроен, но тоа го надоместува со големиот сексуален апетит.

Близнаци

Жената Близнаци е духовита, шармантна и интелигентна. Повеќе ја привлекуваат мажи со висок коефициент на интелигенција отколку со големи мускули.

Романсата со неа може да процвета од еден доволно примамлив разговор. Не се отвора лесно, па подобро се снаоѓа во забавни, отколку сериозни разговори.

Таа сака сигурност и стабилност во љубовта, како и партнер кој навистина ќе ја разбере. И да, таа скоро секогаш доцни барем 10 минути.

Мажот Близнаци е интровертен екстроверт! Оддава слика на духовит, харизматичен и интелигентен човек, но без разлика колку сте блиски никогаш не можете да бидете сигурни што му се врти во глава. Тој сака партнерка која ќе му покаже доволно емоции за да му потврди дека е супер, но не премногу емоции што би ги усложниле работите.

Решен е да не се врзува, освен ако не наиде на девојка со која разговорите нема да станат здодевни, девојка која сака да успее без негова помош и која ќе ги сака истите авантуристички потфати како и тој.

Рак

Жената Рак е примамлива убавица чија нежност и внимателна природа ја прават омилена во секое друштво. Таа верува дека љубовта е најдоброто нешто во животот, па што поромантична љубов, толку подобро. За неа, сентименталноста е начин на живот.

Таа е повлечена, но еротична и сака љубовник кој ќе ѝ се предаде. Нејзиното променливо расположение е голем предизвик за партнерот, а таа знае да направи вистинска драма од своите изливи на гнев тогаш кога нештата не се по нејзино. А кога оваа женствена заводница го лови партнерот, нејзиното внимание и приврзаност правата тој да не сака да се ослободи од стапицата.

Мажот Рак е романтична душа. Тој е искрен, посветен и заштитнички настроен, но може да биде еднакво посесивен, па и љубоморен на времето што партнерката го минува со пријателите.

Тој сака партнерка која ќе „паѓа во несвест“ кога ќе го здогледа и која ќе ужива во тоа што е негов центар на светот.

Лав

Жената Лав најчесто е успешна, самоуверена и понекогаш надмена. Ја привлекуваат атрактивни, авантуристички љубовници кои ќе ја делат сцената со неа сè додека не се обидат да ѝ ја украдат главната улога. Нејзините сексуални вештини ќе ги задоволат и најпребирливите, но не барајте да биде перверзна. Иако понекогаш се однесува како тиранин, таа никогаш не би трпела насилен партнер.

Лавиците знаат дека го заслужуваат најдоброто и не се плашат да пробаат многу примероци во потрагата по вистинска љубов.

Мажот Лав е силен и срдечен, има магнетска привлечност и секогаш настапува весело и забавно. Тој знае да биде многу великодушен и доволно успешен за да може да си го дозволи тоа.

Го привлекува убавина од секаков вид, а особено го привлекуваат партнерките кои го обожуваат. Сексот со Лавот е несомнено бурен, но штом заврши тој ќе стане за да најде нешто за јадење.

Девица

Жената Девица навистина е чиста и доблесна, но знае и да се опушти и забавува, барем тогаш кога не е зафатена со преанализирање на секоја ситница од својот живот. Секогаш сака да ја има контролата над нештата, или барем над себеси. Во нејзиниот свет има место, време и ред за сè - па и нејзината љубов и доверба мора да се заслужат.

Најмногу ја привлекуват уредни љубовници чија интелигенција ќе ѝ биде предизвик. Претпазлива е со своите емоции, но кога ќе реши да ја ослободи страста нема ништо суптило во неа.

Таа е екстремно чувствителна личност која постојано е во потрага по совршенството во себе, животот и љубовта.

Мажот Девица е човек кој ужива да работи. Секогаш бара нови начини да ги подобри нештата, па го привлекуваат партнерки на кои им треба негова помош или совет, но тие мора да бидат интелигентни и компетентни во друга област.

Тој е и себичен и бескрајно несебичен, може да смрзне вулкан или да растопи санта мраз, во зависност од расположението. Но со партнерка која милосрдно го сака, неговата посветеност секојдневно расте.

Уште 6 хороксопски знаци на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...
Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
Секс поза „шампањ соба“, соодветна и за во просторија без кревет (18+) Жената ја води динамиката, но и мажот помага. Може да се изведе дури и на столче...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
„Жабa во скок“ - секс поза за врвно уживање (18+) Иако на почетокот може да ви изгледа неудобна, ќе се изненадите колку е лесна пе...
„Кучешка“ поза со лисици за авантуристите што сакаат жежок секс (18+) Сакате да го „зачините“ сексуалниот живот? Секогаш можете да пробате нешто ново ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg