Машко-женска астрологија

Вага

Жената Вага е топла, елегантна и женствена уметничка душа. Таа може да најде нешто привлечно во секој човек, место или предмет и сè уште верува дека принцот од бајките ќе се појави на бел коњ.

Ја привлекуваат убави мажи со либерални сфаќања, а таа како добар партнер ќе се труди да ги насети нивните потреби некогаш подзаборавајќи дека треба да им остави простор за дишење. Вагата е најпривлечна тогаш кога е задоволна од себе.

Мажот Вага е тип на човек околу кој сите сакаат да бидат. Силен е во секој поглед - тело, ум, карактер и деловен успех. Разуздан како помлад, го отфрла бурното минато кога ќе созрее и ќе најде паметна и лојална партнерка.

Се плаши да не биде оставен, а неговата најголема желба е најде партнер со кој совршено ќе се надополнува.

Скорпија

Жената Скорпија е неоткриена мистерија, понекогаш дури и за самата себе. Таа е силна, но и нежна, внимателна, пријатна, интуитивна, примамлива и срамежлива. Ќе го прифати секој предизвик, ќе биде победник без да се перчи, и ќе љуби толку длабоко што и самата ќе се изненади.

Во сексот не познава граници, но многу е пребирлива во изборот на партнери. Ја привлекуваат атрактивни, мудри и мистериозни мажи. Таа може да биде многу посесивна, но нејзината слобода мора да биде неограничена.

Мажот Скорпија е физички привлечен, но интeлектуално иритантен. Секогаш го знае одговорот пред да го постави прашањето, и само сака да види како ќе реагирате.

Го привлекуваат независни, но лојални партнерки, интелигентни, но не премногу испитувачки настроени. Дури и најприврзаниот маж Скорпија има партнерка што се прашува дали тој ѝ е приврзан.

Тој е горд и мистериозен, а ако не одлучи да ве избезуми со тишина и интриги, тогаш сигурно ќе ве освои и ќе биде еден од оние љубовници што никогаш нема да ги заборавите.

Стрелец

Жената Стрелец ја осветлува просторијата кога ќе влезе во неа. Шармантна, досетлива, дружељубива и урнебесно забавна оваа жена можеби не е сигурна во кој правец се движи нејзиниот живот, но сигурно максимално ќе ја искористи секојa добра прилика по патот.

Таа е независна и импулсивна, а нејзината идеја за романса е луда авантура што трае цела недела, но слободно може да ѝ донесете шампањ и рози ако сакате. Ја привлекуваат активни, интелигентни и оптимистички љубовници кои исто колку неа копнеат по непознатото.

Таа знае како навредата да ја каже како комплимент, а за неа „извини“ како збор едноставно не постои. Најверојатно нема да знаете каде оди, но забавата и хаосот ќе го одбележат патот каде веќе била.

Мажот Стрелец е доволно шармантен за да припитоми отровна змија, и еднакво интригантен како личност. Стрелецот е весел и остроумен оптимист, најчесто неконвенционален, но дефинитвно човек околу кого ќе сакате да бидете.

Сè додека постои возбудата на ловењето тој ќе ве воодушевува со својот хумор и чувство за романтика, но за него врската трае само две недели. Стрелецот е вистински Петар Пан и никогаш нема да порaсне, ниту да се смири.

Јарец

Жената Јарец е енергичен воркохолик. Оваа фам фатал што е секогаш во движење има добро срце и е една од најлојалните и најгрижливи песимисти на светот. Типично за неа е неуморно да трага по нови успеси на деловно поле, и да падне на површни романтични ситуации на љубовен план.

Иако бара топол и грижлив партнер, таа најчесто паѓа на лажни ветувања искажани од атрактивни усни. Таа е нежно суштество чии чувства лесно може да се повредат.

Нејзиниот свет го владеат логиката, емоцијата и драмата, па таа можеби лесно простува, но нигогаш не заборава.

Мажот Јарец се одликува со сила и издржливост, како професионално, така и во спалната соба. Најчесто е успешен и бара атрактивни партнерки што знаат да бидат добри соговорници, но се сепак помалку интелигентни од него. Му треба партнерка што ќе се соглсува со него, за тој да заштеди време на манипулација и контролирање, па да може да ја опсипе со убавини.

Според него, онаа што ќе ги исполни неговите очекувања заслужува да биде галена и наградена.

Водолија

Жената Водолија е мечтателна, аналитична, идеалистична и пријателски расположена личност која или ги маѓепсува или ги плаши оние што ќе ја запознаат. Во неа има некој смирен интензитет што може да ви биде драг или премногу збунувачки, но никогаш нема да ве остави без особен впечаток.

Најмногу ја привлекуваат истомисленици, оние кои ја ценат искреноста и кои го сакаат човештвото, светот и сите форми на живот во него. Таа е еден од најдобрите слушатели, но често заборава да го побара она што таа го сака или ѝ треба. Има идеалистичен поглед на светот, па и на љубовта.

Мажот Водолија има ум на иноватор и интелект и вокабулар на реномиран професор. Го интересира сè што е ново и што може да се истражи, постојано е жеден за нови знаења, а неговиот мозок е како префинет сунѓер што го впива сè она што тој сака да го научи. Навидум е ладен и прибран, понекогаш ексцентричен, но тоа е само обвивка зад која се крие една топла и грижлива душа.

Најмногу го привлекуваат партнерки што ја сакаат слободата, жени со добро срце и емпатична душа. За него животот е големо игралиште, но неговите лојалност и посветеност кон избраната партнерка, како и неговите идеали, се безгрешни.

Риби

Жената Риби е милозвучна нежна жена вљубена во самата љубов и романтика. Нејзината уметничка душа го настројува темпераментот повеќе кон солзи отколку кон бес. Нејзината смисла за хумор е сензуална, а нејзината харизма е заводлива.

Верува во романтичната љубов од бајките, па најчесто паѓа на плејбој тип на момци не забележувајќи ја сигурноста што ѝ ја нуди некој што не се претставува како принц од сказна. Верува дека има нешто добро во сите, но често не може да ја препознае сопствената внатрешна сила.

Жената Риби која моли да биде спасена често прави сосема погрешни избори на мажи.

Мажот Риби има голема почит кон животот, особено виден низ неговата духовита призма. Тој е современ мистик, шармантен и романтичен, па се чини скоро надреален. Неговите променливи расположенија прават да ви раскажува најдлабоки тајни, а веднаш потоа да биде повлечен и самозатаен.

Тој љуби длабоко и емотивно, па и може лесно да се врзе, но секогаш е во потрага по ново ниво на интензитет. Најмногу го привлекуваат прекрасни луѓе кои се доволно силни да го задржат и доволно паметни за тоа да го прават ненаметливо и сочувствително. Познат е како меланхоличар кој често жали по минатото и по она што не може да го има.



Би можело да ве интересира:

Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...
Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
„Жабa во скок“ - секс поза за врвно уживање (18+) Иако на почетокот може да ви изгледа неудобна, ќе се изненадите колку е лесна пе...
„Кучешка“ поза со лисици за авантуристите што сакаат жежок секс (18+) Сакате да го „зачините“ сексуалниот живот? Секогаш можете да пробате нешто ново ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg