Како да водите љубов во полна куќа?

Ретко кој пар има среќа да живее сам, па сè поголем дел од младите се приморани да ги стават своите желби и задоволства на второ место.

kako-da-vodite-ljubov-vo-polna-kuka-01

Меѓутоа, тоа не е причина да ја запоставите сексуалната блискост. Со помош на овие 5 совети уживајте во сексот кога и да посакате.

1. Размислете добро кога ќе имате секс. Добро темпирајте го интимното време, па ако знаете дека постои шанса некој од семејството да ве повика на ручек, подобро е да не ризикувате. Овој момент не е време за експериментирање, па добро би било да се зафатите за секс на брзина.

2. Кога живеете во заедница, немате многу време за предигра. Затоа, обидете се максимално да се посветите на она што знаете дека најбрзо ќе запали. Бидете отворени еден кон друг и однапред расчистете што ви се допаѓа, а што не.

3. Додека водите љубов постои голема можност да посакате да уживате во некоја воздишка плус, па не би било лошо да пуштите малку погласна музика или пак да го појачате звукот на телевизорот.

4. Идеално место за секс на брзина е тоалетот. Обидете се да бидете што подискретни можете, а секогаш можете да се извлечете на тоа дека ви требал пешкир по туширањето или некој козметички препарат кој сте го заборавиле во собата.

5. За побрзо да го достигнете врвот, погрижете се да ја развиете фантазијата и пред самиот чин. Обидете се да размислувате и да споделувате нешто што знаете дека и двајцата ќе ве наведе на неколку незаборавни минути.

На крај, колку и да ви се чини смешно, има нешто неодоливо во брзиот секс. Малку адреналин и малку повеќе неизвесност може да ви бидат само во прилог на возбудата.

Би можело да ве интересира:

Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
Наш психолог за разводите во Македонија: „Мажите копнеат по ‘изумрен тип’ на жени, жените први бара... „ПАТРИЈАРХАЛНАТА жена која живее во функција на потребите на мажот е речиси мртв...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg