Тотално нереални работи кои жените ги очекуваат од мажите

Жените имаат бројни очекувања од мажите кои се како последица од сите бајки со принцови на бел коњ, романтични филмови и песни. Тие фантазии често се мешаат со реалноста во која не постои идеална личност.

totalno-nerelani-raboti-koi-zenite-gi-ocekuvaat-od-mazite-01

Точно знае што треба да каже

Едно од нереалните очекувања на жената е дека нивниот партнер во секој момент ги има вистинските зборови за нив. Тоа е така во филмовите, но не и во реалниот свет. Или тоа е многу ретко. Поголема е веројатноста дека ќе го каже токму спротивното од она што сакате да го слушнете. Но, запомнете, во тој момент не ве разочарал вашиот партнер, туку вашите очекувања од него.

totalno-nerelani-raboti-koi-zenite-gi-ocekuvaat-od-mazite-7

Принц на бел коњ

Повеќето жени имаат листа на особини кои сакаат да ги има нивниот партнер. Фантазираат за тип кој е згоден, духовит, паметен, трпелив и верен. Сите посакуваат принц на бел коњ. Иако се свесни дека такви не постојат, сепак потсвесно го бараат.

totalno-nerelani-raboti-koi-zenite-gi-ocekuvaat-od-mazite-3

Да се бори за вас без оглед на сè

Во вистинскиот живот не постојат мажи кои ќе трчаат на аеродром за да го запрат авионот, да не заминете, ниту ќе стојат пред вашата врата цела ноќ, додека температурите се под нула со надеж дека ќе се предомислите и да му се вратите. Можно е да направи нешто за да ве врати, но не можете да очекувате вакви екстремни работи. Престанете да верувате дека ќе ве чека и ќе пати за вас цел живот.

totalno-nerelani-raboti-koi-zenite-gi-ocekuvaat-od-mazite-4

Тој ќе се погрижи за сè

Една од машките улоги во друштвото сè уште е таа дека мажот мора да се грижи за фамилијата. Вистинскиот маж финансиски ќе се погрижи за семејството и ќе пронајде решение за секој проблем. Бидете реални, колку луѓе се навистина во можност тоа да го направат? Ваквите очекувања за мажите се голем притисок. Ако некои многу лесно постигнуваат такви резултати, други можеби едвај преживуваат.

totalno-nerelani-raboti-koi-zenite-gi-ocekuvaat-od-mazite-5

Целосно да ве разбираат

Жените често бараат партнер кој ќе го разбира апсолутно секој дел од нив. Но, другите луѓе не можат да знаат што се случува во вашата глава, баш како што ни вие не знаете што е во неговата глава. Ако барате маж кој ќе ви ги чита мислите, помирете се со неуспехот. Тоа е нереално и потполно недостижно очекување.

totalno-nerelani-raboti-koi-zenite-gi-ocekuvaat-od-mazite-2

Да биде истовремено мажествен и емотивен

Тој би требало да биде заштитник на семејството, односно мажествен и силен. Во исто време пожелно би било да е тотална спротивност на самиот себе и да има емотивна и чувствителна страна. На мажите тоа име прилично збунувачко.

totalno-nerelani-raboti-koi-zenite-gi-ocekuvaat-od-mazite-6

Вечен романтичар

Нема секој маж во светот романтична душа. Жените очекуваат од партнерот да направи нешто романтично, а потоа да остане таков па дури и секојпат да се надминува сам себе. Тешко е да се носи со таквите очекувања.

totalno-nerelani-raboti-koi-zenite-gi-ocekuvaat-od-mazite-1

Би можело да ве интересира:

„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Ноќта што промени сè: „Маж ми и јас се скаравме. Тргнав на породување, му ѕвонев 30 пати, не креваше... Беше тивка вечер, речиси обична. Ништо не навестуваше дека токму таа ноќ засеког...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg