Момци, подгответе прстен, Божиќ е совршен ден за запросување
Истражувањата покажуваат дека Божиќните празници се најромантичниот момент да ја запросите саканата.

Според податоците од истражувањето направено на британска страница, повеќето луѓе сметаат дека Божиќ е најромантичен ден во годината.
49% од мажите би се решиле да ја запросат саканата токму на овој ден, а со ова се согласиле и жените кои учествувале во истражувањето.

Истражувањето, исто така покажало дека и понатаму важи старото правило дека мажите треба да ја запросат девојката, а не обратно.
Дури 65% од припадниците на посилниот пол признале дека би ја одбиле својата девојка кога би клекнала пред нив.

Од друга страна, жените се оние кои не сакаат помпезност при запросувањето и јавно искажување на љубовта.
Само 15% бараат исклучителна креативност од мажите.
