7 совети за успешно флертување

За флертувањето важно е да бидете самоуверени. Мора да бидете опуштени, за тоа да го правите без многу напор и на најавтентичен начин.

7-soveti-za-flertuvanje-01

Не постои еден начин на флертување, најдобро е да ги употребите своите квалитети и својата сексуалност. Скоро сите знаат да флертуваат со очите, но тоа не мора да биде единствен начин. Погледнете што смеете да правите за време на флертот.

1.Бидете во центарот на вниманието

Можеби не сте навикнале да се истакнувате и сосем удобно ви е прикриени, но мора да се обидете. Најважно е да престанете да се грижите и да обрнувате внимание на тоа што другите мислат за вас. Однесувајте се како да ја поседувате целата просторија, бидејќи со својата самоувереност на сите ќе им изгледате секси. Сите очи ќе бидат вперени во вас.

2. Придружете се во разговор со група луѓе

Не е лесно да се вклучите во група луѓе кои разговараат, но вреди да се обидете. Најлесен начин за тоа е некое време да наслушнувате за што зборуваат, а потоа во вистински момент да се вклучите и да се сложите со мислењето на некој од групата или со мислењето на целата група. Дружете се со групата барем додека не испиете една пијачка, инаку ќе изгледате непристојно. Зборувајте со сите, а не само со личноста која ви се допаѓа од групата.

3. Бидете умерени во комплиментите

Немојте да давате неискрени комплименти. Бидете мудри и кога делите комплименти, навистина мислете го тоа. Не го почнувајте комплиментот со: „Ми се допаѓаат...“. Наместо тоа кажете: „Твоите очи се прекрасни“, а потоа продолжете со: „Каква боја ти се? Малку сини, малку зелени...?“ Потоа разговорот спонтано ќе продолжи.

7-soveti-za-flertuvanje-1

4. Никогаш немојте да флертувате со нечиј партнер

Никогаш не е јасно дали двајца се во врска, па се случуваат грешки. Но, кога знаете дека некоја личност е зафатена, повлечете се.

5. Наведете го тој да го направи првиот чекор

Ова е манипулирање, но не со лоша цел. Во случај да се плашите отворено да му пријдете на оној кој ви се допаѓа, најдобро е да го наведете тој да ви пријде вам. Можете после неколку разменети погледи, да се приближите на поминување и да се судрите. Ако треба нешто да се случи, после тоа сигурно ќе се случи.

6. Не се потпирајте на алкохолот, пријателите или телефонот

Флертувањето е забавно и затоа уживајте во него. Ако применувате некоја од наведените методи, нема да уживате. При тоа ќе изгледате смотано.

7. Бидете она што сте

Тоа е најдобар совет за флертување, бидејќи ако на личноста со која флертувате ѝ се допадне тоа што сте, тогаш тоа е полн погодок. Сите имаме свои начини: малку поголемо доближување до личноста, нежно допирање на рацете, јасно давање до знаење дека флертувате и слично. Ова се класични ритуали кои им се познати на сите. Применете ги, ама останете свои. Најлошото нешто што може да се случи е да бидете одбиени, но тоа не е крај на светот, ќе преживеете.

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg