Почетокот на љубовта е секогаш прекрасен

Се сеќавате кога си одевте дома и тајно ја мирисавте косата, затоа што знаевте дека го впила неговиот мирис? Се сеќавате кога секое негово хартивче и слика имаше посебно место и значење?

site-onie-momenti-koga-pocnuvate-da-se-vljubuvat-01

Тие се тие големи љубови... Преголеми и незаборавни... Иако се случуваат премногу спонтано... А како започнуваат?

Во само неколку моменти кои не сте ги ни забележиле:

1. Оној момент кога утрото откако сте ја поминале вечерта со него, ја собирате косата, за подоцна во текот на денот, кога ќе ја пуштите сè уште да го има неговиот мирис.

2. Оној момент кога си дозволувате да не бидете многу продуктивни, само затоа што најважно е неговото присуство во вашите мисли.

3. Оној момент кога секоја романтична песна сега ви изгледа дека е само за вас двајца. Колку и да звучи клише, ова е периодот кога почнувате од почеток, како првпат да ви се случува и сакате да уживате целосно.

4. Сите мали работи и знаци со кои ви покажува дека се чувствува исто како вас. Претставувањето пред неговото друштво, првата споделена тајна, дел од вашите работи кои ги чува во неговата соба како дел од неговиот живот и неговото секојдневие.

5. Она возбудливо чувство и насмевката која ви се појавува секојпат кога ќе го видите неговото име на мобилниот телефон.

6. Понекогаш се фаќате дека имате смешни, дури и глупави реакции, но си го дозволувате тоа и не ви е гајле.

site-onie-momenti-koga-pocnuvate-da-se-vljubuvat-1

7. Сите најобични и најсекојдневни работи, наеднаш ви изгледаат огромни и најзначајни. Одењето заедно до продавница, јадење обична кифла или вообичаено пиење кафе се најважни настани во денот кога сте вљубени.

8. Сите работи кои претходно ве нервирале кај другите луѓе, сега ви се толку смешни и симпатични. Можеби не сте поднесувале некој што слуша техно, наеднаш тоа станува ваша омилена музика.

9. Не ги забележувате ситниците и деталите за него, туку само се препуштате на уживањето во неговото присуство.

10. Понекогаш се плашите дека премногу избрзувате со интензивните случувања во врската, но не сакате да пропуштите ниту еден момент без него, ако можете да си го дозволите.

11. Понекогаш се плашите и дека премногу ризикувате да бидете повредени со тоа што сте премногу предадени и вљубени, но веќе во следниот миг сфаќате дека сите тие чувства и случувања се вредни за ризикот колку и да траат.

12. Непреспиените ноќи заради долгите разговори кои сигурно ќе ви се одразат на концентрацијата и поспаноста следниот ден, но воопшто не жалите за тоа.

site-onie-momenti-koga-pocnuvate-da-se-vljubuvat-3

13. Тоа е единствениот период кога е сосем нормално некој да направи компилација од песни на цеде и да го подари посветено на саканата личност.

14. Уште една добра страна на почетокот од врската е тоа што се дотерувате повеќе од вообичаено, дури без грижа на совест си ги купувате омилените парчиња облека, иако не можевте претходно да си ги дозволите. Но, сега е најважно да изгледате убаво пред него.

15. Моментот кога не ви е важно како изгледате за околината, само затоа што сте со него.

16. Начинот на кој ви се разлетуваат пеперутките во стомакот штом помислите на некој посебен момент или само дел од средбата со него и тоа е единственото што ви останува врежано во мислите.

17. На крајот, без разлика колку ќе трае и како ќе заврши, важни се моментите на уживање во тоа кога ќе се вљубите одново и ќе ги доживеете сите тие мали, а толку големи моменти. Колку и да бидете повредени, на крајот секогаш е убаво да се вљубите повторно.

site-onie-momenti-koga-pocnuvate-da-se-vljubuvat-2

Би можело да ве интересира:

7 работи кои добрите мажи им ги кажуваат на своите сопруги Oмажи се за маж кој ги кажува овие работи: „Јас сум многу горд на тебе, знаев де...
7 работи за кои размислува мажот за време на првиот секс со вас Веќе некое време се гледате со некој маж и стигнувате до фаза кога треба да имат...
3 работи што вашиот партнер тајно посакува да ги правите во кревет (18+) Тајната на добриот секс не е само во техниката и истрајноста на партнерите. Поне...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
„Дали жената треба да му каже на партнерот со колку мажи спиела?“ (18+) „Па, не е поп за да му се исповедам“, гласи еден од хит одговорите на Србинка на...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg