Како да имате добар секс секој ден во неделата?

Ако мислевте дека сексот не може да биде извонреден секој ден, се лажете. Само треба да знаете како.

kako-da-imate-dobar-seks-sekoj-den-vo-nedelata-01

Со помош на овој мини распоред загрејте ја атмосферата во вашата спална соба, без оглед на тоа кој ден е.

Понеделник - Исполнувајте желби

Кога ќе дојде време за секс, сите свои предрасуди оставете ги надвор од спалната соба. Ако партнерот сака да одиграте стриптиз, направете го тоа. Ако таа побара од вас нешто што не сте го ни замислувале, изведете го најдобро што знаете.

Не осудувајте и понеделникот резервирајте го за посебни фантазии.

Вторник - Самодоверба

За добар секс не се важни само движењата, туку и начинот на кој ги спроведувате. А, самодовербата е најголем афродизијак.

Дури и да не знаете што правите, чувствувајте се заводливо и сексапилно. Облечете долна облека за „посебни пригоди“ и впуштете се во авантура.

Среда - Орален секс

Кога еднаш ќе му/и овозможите незаборавен орален секс, тоа нема да го заборави со денови.

Истражете ги сите точки на телото кои го/ја возбудуваат и започнете.

Четврток - Направете го првиот чекор

Наполнете ја кадата, запалете свеќи, создадете романтична атмосфера и изненадете го/ја.

Нема поголемо задоволство кога некој се чувствува посакуван, па она што може да го добиете за возврат ќе биде незаборавно.

Петок - Стимулирајте го мозокот

Фантазирајте со сите сетила. Не дозволувајте сексот да биде само физичко задоволство.

Играјте улоги, споделете ги своите фантазии, започнете секси разговор...

Сабота - Време е за нова поза

Во сабота сте најодморени, па затоа овој ден е идеален за експериментирање. Изненадете го/ја со секси поза која нема да може да ја одбие, а следната сабота тој/таа нека го направи истото.

Добро разгледајте ги сите можности!

Недела - Бакнувајте се

Паровите кои се во неколку годишни врски, забораваат на магијата на бакнежот.

Неделата резервирајте ја за романтика и бакнувајте се колку почесто можете.

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg