Двајца талкачи и неколку трошки срце

Талкав како питач , гладник, жедник, самотник... Со извалкано лице, мрсулави спомени на некое далечно минато, бразди засушени солзи што веќе заборавиле  да течат, искинати мисли се влечеа по мене и неколку подзакрпени парчиња срце.

dvajca-talkaci-i-nekolku-troski-srce-01

Одев без правец и цел, барав или можеби чекав да бидам најдена во мојата картонска кутија на крајот на слепата улица. Чекав некој да ми фрли поглед како корка сув леб со маргаринска насмевка.

Следниот ден повторно да ме нахрани, сега веќе со  мармаладска насмевка, да добијам и чаша вода од пријателска рака. Рака што ќе ми помогне да станам од студениот асфалт, рака што нема да се плаши да ме допре и покрај крвта што ми се растекува од раната на левата страна на градите.

Сакав некој со големи чекори но бавен од, кој ќе го следи ритамот на моите нестабилни получекори, да ме научи да одам по долгото седење на едно место. Да ми ја покаже целта, аголот на другиот крај од слепата улица, оној зад кој се откриваат поинакви правци, со многу крстопати, знаци,многу излези и многу станици на животот.

 И тогаш, кога ќе застанам на своите нозе и кога ќе се израдувам со еурокремска кроасан насмевка и поглед топол како утринско кафе само за Него, да не се исплаши од новиот ден, да ја отвори широко вратата на новиот  живот и да ги рашири крилјата заедно со мене за да летнеме кон небото на новата љубов.                                                                                                             

Како за просјак, изгледа премногу барав... Добив само еден случаен минувач, можеби и тој е некој залутан скитник.

Има метален оклоп на левата страна на градите. Не можам да видам дали е празен или се крие некоја трошка мек леб, ако останало нешто од некоја претходна гозба или можеби вечно ќе си ги чува трошките спомени и ќе остане гладен.

И тој е во искинати партали од невремето на времето. Оди со наведната глава, па не може ниту да сретне корка поглед и маргаринска насмевка. Можеби не ја ни бара, не верува дека може да ја најде, ни мене не ме виде, затоа се сопна.

dvajca-talkaci-i-nekolku-troski-srce-1

Но  не падна, само ја поткрена главата, сепак доволно за јас да го видам, тоа што не мислев дека ќе го видам токму кај него. Нежен поглед на дете кое не се плаши од гладно куче што лае, туку му подава рака да го погали, му се насмевнува за да го смири, му прозборува неколку зборови знаејќи дека ќе го разбере. Топла искреност кон пријател на кој  му верува, слобода на патот по кој заедно чекорат.                                                      

Но не ме зема со себе. Се сретнуваме и секогаш исто постапува. Секогаш сум само едно кученце, а тој само детенце што си поигрува со мене и на крајот ме остава да го чекам следниот пат.Но јас не сакам да те оставам.

Ги следам твоите траги, те барам насекаде. Не те наоѓам секогаш, но не се откажувам, нема да те изгубам. Ќе те чекам, да, ќе те чекам да се разбудиш од кошмарите во кој се плашиш дека си сам, да ги протриеш очите и да видиш дека сè уште сум тука и ќе останам.

Нема да те оставам за сладок мармалад, мед или чоколадо, и онака не сум по благото. Тоа е за стомакот, а јас сакам да си ја нахранам душата со сите твои витамини скриени зад сивите мисли заборавени од надежта што ќе ти ја спакувам како подарок, но ќе мораш ти да го одврзеш јазолот на панделката.

dvajca-talkaci-i-nekolku-troski-srce-2

Автор: В.М.| Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg