9 причини зошто пролетниот секс е одличен

Кога топлите денови ќе дојдат на ред, летната гардероба ќе ја извлечете од гардероберот и конечно ќе го ослободите телото, ќе разберете зошто пролетниот секс е одличен.

9-pricini-zosto-proletniot-seks-e-odlicen-01

1. Сексот со отворен прозор е секогаш возбудлив

Колку и да не сакате секс на јавно место, сексот покрај отворениот прозорец во благата пролетна ноќ ве прави да се чувствувате посакувано.

2. Исто како лето, само без пот

Летно време сите полудуваат по секси игри, но тогаш жештината си го прави своето. Желбата често пати се губи од неподносливите 40 степени, што не е случај во пролетта.

3. Мајските дождови се секси

Дали сте се обиделе да ја започнете предиграта со бакнување на дожд? Ви предлагаме што побрзо да пробате.

4. Сезонски алергии

Кога ќе настапи сезонската алергија, а вие сакате да се излежувате низ креветот, искористете ја можноста да се откажете од работа на само еден ден кој ќе го искористите за галење во постела.

5. Предиграта е подолга

Штом времето се разубави, предиграта сè повеќе се загрева. На кој би му текнало во сред зима да си игра со замрзнати коцки?

6. Станувате порано

Денот е подолг, утрото потопло, а тоа значи дека имате време и услови за брз и незаборавен утрински секс.

7. Лесна облека

Факт е дека откриените машки бицепси и женските затегнати нозе се најголем пролетен афродизијак.

8. Секси долна облека

Затоа што сè е шарено во пролетта, истото се случува и со долната облека. Во пролет докажано е дека посветувате поголемо внимание на тоа дали таа е во тон со она што го носите, ако случајно да се ѕирне.

9. Самодовербата расте

Со сè од горенаведеното факт е дека вашата самодоверба е вивната до небо. Плус, кожата и косата изгледаат многу подобро под сончевите зраци.

Би можело да ве интересира:

„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...
14 јасни знаци дека не сте среќни со партнерот (но не сакате да си признаете) Сѐ што прави партнерот ве нервира. Работи што порано ви биле симпатични, сега ви...
„Со партнерот 30 дена водевме љубов двапати дневно - Што се случи со нашиот однос?“ „Започнавме со играта „странци во бар“. Се преправавме дека не се познаваме, а з...

Најчитани неделава