Зошто луѓето изневеруваат?

Неверството некои го гледаат како возбудлив начин на кој си ја зачинуваат врската и ја кршат монотонијата, а некои тоа го прават поради психолошки причини за кои ни самите не се свесни.

zosto-izneveruvaat-lugjeto-1

Наместо да чувствувате грижа на совест погледнете ги психолошките причини кои се одговорни за неверството.

Не го сакате повеќе

Доколку го изневерите партнерот, тоа не мора секогаш да значи дека не го сакате повеќе, но најчесто е така. Зошто би изневериле некого со имате прекрасен однос и одличен секс? Најверојатно ова е причината.

Сексот со него ви е прочитана книга

Сте имале секс по два пати на ден, а сега само 2 пати неделно. Причината за тоа сте сигурно вие, сексот со партнерот не ве возбудува повеќе. Затоа ги задоволувате вашите страсти во друг кревет.

zosto-izneveruvaat-lugjeto-3

Врската ви станала навика или рутина

Ако станувате наутро и автоматски посегнувате по телефонот за да го слушнете вашиот партнер, голема е веројатноста тоа да го правите од навика. Можеби ова значи дека го сакате премногу, но најверојатно и не е баш така кога сте одлучиле да го изневерите.

Ви треба нов предизвик во животот

Веќе подолго време не ви се случува ништо интересно, па затоа сте одлучиле да водите двоен живот. Не чувствувајте грижа на совест, тоа е нормална појава која може да ја спречите на друг начин наместо со изневерување.

Ви недостига љубов и нежност

Можеби вашиот партнер е виновен за вашето изневерување. Луѓето во долга врска најчесто забораваат дека треба секојдневно да го освојуваат и заведуваат својот партнер. Ви недостига љубов и нежност кои сте ги добиле од друг.

Се заљубивте

Во врска сте, но излегувате со друга личност која не може да ви излезе од глава. Можеби сте заљубени?! Постојано се сретнувате со неа скришно и се двоумите дали да ја прекинете долгогодишната врска. Нема ништо лошо во тоа што сте заљубени, но на две столчиња не се седи. Бидете внимателни да не паднете.

zosto-izneveruvaat-lugjeto-2

Зошто сте изневериле вие?

Би можело да ве интересира:

Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...
14 јасни знаци дека не сте среќни со партнерот (но не сакате да си признаете) Сѐ што прави партнерот ве нервира. Работи што порано ви биле симпатични, сега ви...
Ноќта што промени сè: „Маж ми и јас се скаравме. Тргнав на породување, му ѕвонев 30 пати, не креваше... Беше тивка вечер, речиси обична. Ништо не навестуваше дека токму таа ноќ засеког...

Најчитани неделава